Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гардијан: Кој беше лидерот на Хамас, Јахја Синвар?

0
By Zoran Ivanov on October 18, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 18, 2024 09:06

Синвар е роден во бегалски камп во Кан Јунис во 1962 година, а неговото семејство побегнало од својот дом заедно со стотици илјади други Палестинци за време на војните во кои е создадена државата Израел. Се верува дека таквото минато одиграло голема улога во неговата одлука да му се приклучи на Хамас во 1980-тите.

Израелските војници го убија лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се сметаше за организатор на нападот на палестинските екстремисти на југот на Израел на 7 октомври.

Синвар е „елиминиран“ во средата во Тел Султан, населба на најјужниот град во Газа, Рафа, соопшти доцна синоќа израелската армија.

Само неколку дена по 7 октомври, израелските истражители го идентификуваа Синвар, тогашниот воен водач на Хамас во Газа, не само како главен организатор на тој ненадеен напад, наречен „Поплава во Ал Акса“, туку сфатија дека тој го планирал и организирал нападот речиси сам, пишува британски Гардијан.

За плановите знаеле само мал број негови најблиски соработници, а некои само неколку дена пред нападот.

Во нападот загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили, а беа земени повеќе од 250 заложници, што предизвика израелска офанзива. Досега се убиени повеќе од 42.000 луѓе во Газа и уништени големи делови од таа палестинска енклава.

Синвар ги избегна обидите на израелската армија да го фати уште од почетокот на војната во Газа, а убиен е случајно, како што се вели во извештајот, кога израелските војници забележале неколку екстремисти како влегуваат во зграда во јужниот град Рафа.

Долго време се мислеше дека Синвар ја планира стратегијата на Хамас во Газа криејќи се во тунелите ископани под територијата.

Тој ја консолидираше својата моќ и стана главен лидер на Хамас ова лето по атентатот на политичкиот лидер на организацијата Исмаил Ханије во нападот во Техеран за кој беше обвинет Израел.

Синвар е роден во бегалски камп во Кан Јунис во 1962 година, а неговото семејство побегнало од својот дом заедно со стотици илјади други Палестинци за време на војните во кои е создадена државата Израел.

Се верува дека таквото минато одиграло голема улога во неговата одлука да му се приклучи на Хамас во 1980-тите.

Првпат беше уапсен во 1982 година, а по излегувањето од затвор беше еден од соосновачите на организација чија цел била да ги искорени палестинските соработници на владата на Израел, пишува Индипендент.

Тој подоцна станал член на полицијата на Хамас, според Палестинскиот информативен центар. Го сметале за брутален и безмилосен, па го нарекувале „Касапинот од Кан Јунис“.

Повторно беше уапсен кон крајот на 1980-тите кога го призна убиството на 12 осомничени израелски соработници, по што беше осуден на четири доживотни затворски казни за злосторства, вклучително и убиство на двајца израелски војници.

Наводно, неколку пати се обидел да избега, а еднаш ископал дупка на подот од затворската ќелија, надевајќи се дека бегството ќе му успее.

Поминал повеќе од две децении во израелски затвор и го научил хебрејскиот јазик и добро го познавал израелското општество.

За време на неговиот престој во затвор, тој на еден италијански новинар му рекол дека затворот е клучен, дека му дава време да размисли за цената што е подготвен да ја плати за она во што верува.

Во 2008 година му е дијагностициран тумор на мозокот, а бил лекуван од израелски лекари пред да биде ослободен во 2011 година заедно со повеќе од 1.000 други затвореници во замена за израелски војник.

Синвар верувал дека киднапирањето на израелскиот војник е најдобрата вест за затвореникот бидејќи знае дека тоа му дава трошка надеж.

По враќањето во Газа, тој брзо напредување во раководството на Хамас.

Од 2017 година, кога стана лидер на Хамас на територијата, тој соработуваше со Ханије за да ја усогласи екстремистичката организација со Иран преку зајакнување на нејзините воени способности. Тој стана лидер на Хамас во Газа по вторпат во 2021 година.

Во ноември минатата година, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека Синвар е изолиран во неговиот бункер, отсечен од околината и дека неговиот синџир на команда слабее.

Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, го потврди убиството на Синвар, оценувајќи дека тоа е големо охрабрување за израелската армија и израелскиот премиер по серијата убиства на истакнати водачи на нивните непријатели во изминатите месеци.

Се верува дека нападот врз Израел бил организиран од Синвар со Мухамед Деиф кој беше убиен во израелски напад во Газа во јули истиот месец со Ханије во главниот град на Иран. Израелскиот јавен сервис Кан објави дека Синвар бил убиен „случајно“ и дека во неговиот костум биле пронајдени пари и лажни документи

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.