Според договорените количини за испорака на гас во Европа до денеска побарувачката за овој енергенс од „Газпром“ изнесува 106,6 милиони кубни метри , објави Ројтерс.
Увозот што го извршува во Европа “Газпром“ изнесува 40 % од потребите за гас во земјите од Европската Унија.
Како што пренесува Ројтерс „Газпром“ соопштил дека ќе ги реализира испораките со гас преку територијата на Украина , во согласност со барањата на европските коминтенти.