Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) вечерва, со почеток од 19 часот одржа собири во Кочани, Кичево и Битола.

Поддржувачите на ГДОМ вечерва излегоа на мирни народни собири во Битола, Кичево и Кочани за да испратат порака дека излезот од политичката криза во Македонија се веќе закажаните парламентарни избори на 5 јуни кои сметаат дека мора да се одржат.

Во Битола Ѓорѓи Чекутов, поддржувач на овие протести порача дека не може да молчи во време кога се дестабилизирала Македонија и се подготвувало „Украинско сценарио“.

– Како историчар не можам да премолчам на обидите за дестабилизација на Македонија, деструкција и обиди за инсталирање на „Украинско сценарио“. Некои прават обиди за закрвување на брат против брат, другар против другар, граѓанин против граѓанин и ние тоа не смееме да го дозволиме. Се треба да заврши со избори на 5 јуни, рече Чекутков.

За утре повторно е закажан собир на ГДОМ во Битола.