Цитат и слика на нацистичкиот политичар и министер за пропаганда Јозеф Гебелс се поставени на Фејсбук-страницата „Правен факултет „Јустинијан Први“ – политички студии“.

„Ризикот е претпоставка за секоја голема победа. Колку нацијата е подисциплинирана, толку ризикот е помал. Еден воен одред кој маршира збиено, може да ги надмине и најтешките пречки. И спротивно – кога група луѓе дејствуваат раздвоени, секој за себе, нема да може да постигне ништо, па дури и да се цела дивизија.“

Не е познато кои се причините за објавата на овој цитат на еден од идеолозите на нацизмот.

Деканот на факултетот Борче Давитковски се огради од овој инцидент и најави најави дека ќе го испита случајот.