Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гебелсовиот музеј на „декадентна“ уметност

0
By on January 17, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 17, 2013 15:29

Во 1939 година озлогласениот шеф на пропагандата на фашистичка Германија, Гебелс, се досети да отвори посебна изложба на „декадентна“ уметност и таму ги смести делата што на кој било начин го поставуваа прашањето на естетиката и етиката на тогашното германско општество.

Речиси 80 години подоцна, ние Македонците се гордееме со своето антифашистичко, со своето комитско и со своето античко минато…имаме многу музеи, но наскоро ќе ни треба уште еден – за сите што беа забранети, избришани и прецртани. А статистиката станува загрижувачка – од 2008 до сега дури четири уметнички дела експресно беа јавно отстранети и забранети за прикажување. Дали навистина забраната на тие дела не’ заштити од поголеми проблеми? Атанас Ботев го наслика грчкото знаме заедно со кукаст крст. Дали отстранувањето на тоа дело ги подобри односите со јужниот сосед? Потоа делото на Игор Тошевски „Слободни територии“ што се состоеше од цртеж во вид на крст на плоштадот Македонија на местото каде претходно демонстрантите против узурпирањето на јавниот простор изедоа ќотек, преку ноќ беше избришано. Дали ноќното бришење го подобри демократскиот амбиент во државата? Мистериозна, но исклучително влијателна женска организација издејствува преку ноќ да му се облече долна облека на несреќниот Прометеј во паркот “Жена борец“. Дали неговите гаќи придонесоа за поголеми морални вредности кај македонските граѓанки и граѓани? Дали сега кога го отстранија делото што асоцира на преиспитување на македонските “чуда“, се чувствуваме поголеми верници и сме попродуховени? Која е логиката на цензурата во уметноста?

Дури и Папата Бенедикт 16. му прости на маркетинг тимот на компанијата Бенетон зашто го ставија во реклама како страсно се бакнува со исламскиот водач. Зошто нашите мудри некогаш не се угледаат на туѓите примери?

Јуни, 2012

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.