Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гелевски: Едно од важните прашања денес е – Дали „Скопје 2014“ беше замислено како грабеж на вештите играчи околу Груевски?

0
By Ана Василевска on March 4, 2024 КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ
Никола Гелевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во своето излагање на конференцијата „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА“, во рамките на изложбата „Станица Пропаганда“ Никола Гелевски, уредник и колумнист, ги сподели своите размислувања за влијанието на проектот “Скопје 2014” врз културниот и урбанистички пејзаж на градот, тој ја нагласи комплексноста на односот меѓу културата и политиката, особено во контекст на овој проект, кој го опиша како контроверзен и поделен.

Тој се потсети дека се поминати 15 години од протестите против проектот „Скопје 2014“

-Времето лета мислам дека поминаа 15 години откако на почеток на март се случи и тоа драматично тепање на студентите на плоштад, главно студенти од архитектура, не зна колку бевме таму 150-200 луѓе можеби, во светло на владеењето на пост Груевски. Така што едно од важните прашања и ден денес е дали Скопје 2014 во старт беше замислен како грабеж на вештите играчи околу Груевски, поточно фасада да„ изменаџираат“ стотици милиони евра или беше она што велам некоја романтична луда идеја дека нешто на Македонија и требаат она други наративи, други концепти и во таа смисла не треба толку жесток да се биде кон тој проект, рече Гелевски.

Тој сподели дека ова искуство го поттикнало да се задлабочи во теоријата и историјата на архитектурата, откривајќи дека “Скопје 2014” го инспирирало на интелектуално и критичко ниво.

Гелевски додаде дека ако треба да исчекориме од политиката за да можеме да ја оцениме и насочиме тогаш исто така треба да се излезе и од уметноста за да ја поттикнеме, најпосле вкрстувањето на перспективите е своевидно вежбање на слободата.

-Значи баш ја сфаќам политиката, баш онака како грижа за заедницата, а не како одбрана на левата или десната опција бидејќи знаеме од историјата имале и подеми и падови и едната и другата опција, кај нас се разбира левата бидејќи Македонија е мислам, целата самосвест на Македонија произлегува од тоа партизанско движење, јас сум левичар во суштина и сите тие возбудливи разговори со луѓето сум се расправал околу „Скопје 2014“ и други политички прашања повеќе сум ги сфаќал баш тоа како борба на идеи, вкрстување перспективи и низ тој разговор доаѓаме до вистинските решенија, вели тој.

Гелевски, исто така, се осврна на сегашната политичка и културна клима во Македонија, посебно изразувајќи загриженост за стагнацијата и недостатокот на енергија и нови иницијативи. “Ништо не се случува, времето е замрзнато,” констатираше тој, поттикнувајќи на потребата од нови перспективи и дебати кои ќе ги поттикнат креативните и културните процеси во градот и општеството.

Тој ја потенцираше потребата од критички пристап кон културните и урбанистичките политики, апелирајќи за конструктивна дебата и ангажираност на сите нивоа на општеството. Со враќање на фокусот кон културата и јавниот интерес, тој ги повика младите и помладите генерации да бидат активни учесници во создавањето на иднината на својата заедница и град.

Панел дискусиите се одржаа во Музејот на Современа уметност, во организација на Факултетот за работи што не се учат на конференцијата Школо за пропаганда „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА. Од Скопје 2014 до Скопје – Eвропска престолнина на културата 2028“, која се реализираше во рамки на изложбата „Станица Пропаганда“ на светски познатиот холандски уметник Јонас Стал, осум панелисти со различни погледи и искуства изложија различни мислења и аспекти за проектот Скопје 2014 ставен во кореалција со титулата која ја доби градот Скопје – Европска престолнина во 2028 година.

Никола Гелевски Скопје 2014
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.