Ова е само почитување на законот, истакна Неделков и нагласи дека „ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен“.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на денешната прес конференција изјави дека штрајкот е ставен во мирување.
Советот на СОНК денеска заседавал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници.
– Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот, истакна Неделков и нагласи дека „ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен“.
Тој се надева дека платите на вработените ќе бидат зголемени, дневниците за време на штрајкот нема да бидат скратени, а дека колективните договори ќе бидат потпишани и утврдени со рокови.
Генералниот штрајк во образованието почна на 11 април годинава.