Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Генералот Митруцикос е новиот командант на Бригадата на Југоисточна Европа стационирана во Куманово

0
By Biljana on April 15, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бригадниот генерал Евангелос Митруцикос од грчката армија е новиот командант на Бригадата на Југоисточна Европа, чиј домаќин до 2026 година е Северна Македонија.

На свеченото примопредавање на должноста од генералот Аристеидис Илиопулос на генералот Евангелос Митруцикос, присуствуваше заменикот министер Башким Хасани кој порача дека оваа бригада е успех за целиот регион и за Северна Македонија зашто претставува прво учество на припадници на Армијата во мултинационална средина.

„Тоа беа нашите први чекори во нашата определба да бидеме дел од меѓународните мировни мисии и да го дадеме својот придонес кон зачувување на стабилноста и безбедноста во регионот и во меѓународната заедница. Со основањето, нашите припадници ја добија можноста да работат во мултинационална средина каде ги калеа клучните вештини и способности кои подоцна ги пренесуваа на своите колеги во мисиите во Ирак, Авганистан, Босна и Херцеговина и Либан“, порача заменикот министер.

Хасани подвлече дека посветеноста и професионалноста на припадниците на Армијата во оваа Бригада беше првиот чекор во стекнувањето на висока доверба која денес ја имаат сите членки и партнери на НАТО во припадниците на Армијата. Додаде дека Бригадата стана симбол на обединетост и на соработка во нашиот регион и затоа од особена важност е земјите да продолжат заедно да придонесуваат во регионалната стабилност.

Заменикот министер му се заблагодари на досегашниот командант на Бригадата, генералот Илиопулос за својот придонес во семејството на СИБРИГ, а на новоназначениот командант, генералот Митруцикос му посака добредојде во Северна Македонија и го увери дека во Министерството за одбрана има сигурен партнер.

Новопоставениот командант Митруцикос во своето обраќање истакна дека за него претставува чест да ја води Бригадата на Југоисточна Европа во следниот период и дека посветено ќе работи на исполнување на задачите на СИБРИГ.

„Бригадата на Југоисточна Европа е посветена на својот придонес кон регионалната безбедност, стабилноста и развојот на добрососедските односи помеѓу земјите – членки“, рече генералот Митруцикос.

Досегашниот командант, генералот Илиопулос порача дека му претставува чест и задоволство што командувал со „мултинационална сила која ги зближува земјите од регионот, промовирајќи мир и стабилност“.

Илиопулос се заблагодари за постојаната поддршката и заложба на Владата на Северна Македонија за функционирањето на командата на Бригадата.

На примопредавањето на функцијата присуствуваше и Претседавачот на процесот СЕДМ, Јордан Божилов кој го истакнаа значењето на оваа иницијатива за регионот и пошироко.

На свеченоста присутни беа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадори, заменици министри за одбрана, заменици на началници на Генералштаб и воени аташеи на земјите учеснички во Бригадата.

Бригадата на Југоисточна Европа е формирана во 1999 година, врз основа на договорот за регионална соработка на полето на одбраната познат како договор за Мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ), кој во 1998 година во Скопје го потпишаа Министрите за одбрана на Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Северна Македонија, Романија и Турција. Според Договорот за формирање на бригадата, локацијата на Командата на СИБРИГ е на ротациона основа, а нејзини домаќини досега беа Пловдив, Констанца, Истанбул и Лариса.

Во периодот од 2020-2026 година командата на СИБРИГ е лоцирана во Куманово.

 

Евангелос Митруцикос Командант Куманово Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.