Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Геноцид

0
By Менче Атанасова Точи on April 13, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 13, 2017 11:55

Постојано не бомбардираат со бројки колку се намалени цените на лекови, колку е зголемена квотата во аптеките. А, лекови на рецепт нема, односно ги има само во првите 10-тина дена во месецот. За тоа колку се наплаќа за доплата за некои од нив, воопшто да не зборуваме. Исто ви доаѓа како да сте го купиле лекот. Но, сега зборуваме за лекови кои не можете да ги земете на рецепт кога квотата што ја одредил Фондот за здравство се потрошила. И кога ќе отидете со рецепт ви велат дека ги нема, но дека може да ги купите. Или да дојдете следниот месец ако рецептот се уште важи.

Талкањето од аптека до аптека е малтретирање до бескрај. Еве јас имам предлог. Да ставиме и ние квота на здравственото осигурување? И после 10 ти во месецот кога ќе почне да се  тенчи новчаникот да не плаќаме за здравствено осигурување. Толку се парите- нема. Исто како што снемува лекови во аптеките, во болниците. Што е поважно, да има за леб или за здравствено осигурување кое нуди се помалку услуги на своето мени? Како да се снабдуваат со лекови луѓето, ако Фондот става квоти на лековите во аптеките?

Шега на страна, работата е сериозна. Вака е со години. А, надлежните не признаваат дека има проблем. Тие секогаш потенцираат дека постојано ја зголемуваат квотата на лекови во аптеките иако ситуацијата на терен покажува нешто друго. Каде е  проблемот тогаш? Фонд за здравствено осигурување, се слушаме ли?

Од друга страна, позитивната листа на лекови не е сменета 10-на години. Со исклучок на еден лек за леукемија, на оваа листа со години нема ставено ништо ново.  Вака ли ќе се лекуваат пациентите? Со купување на скапи лекови. Сиромашна државата, богати граѓани! Води ли некој сметка за ова? Светот оди напред, а ние стоиме во место.

Еве на пример, на  пациент кој има хеликобактер или чир на желудник како терапија специјалистот задолжително му препишува два јаки антибиотика. Едниот од понова генерација за кој лекарот смета дека е ефикасен и дека добро ќе му делува, не е на позитивната листа и треба сам да си го купи. Лекот чини 600 денари, а треба две пакувања за еден третман. Кон оваа терапија се додава уште еден лек кој чини 400 денари, а од него ви требаат 3 кутии за еден месец. Па, сега направете ја сметката. Дали ова може да си го дозволи еден невработен, стечаец или пензионер? Или семејство што живее од една просечна плата?

Да не зборувам за болните од одредени типови на рак, кои се принудени да продаваат станови, возила и се од дома за да си купат лек кој е од понова генерација и чини 2-3000 евра месечно. Ефикасен е, може да помогне или да го продолжи животот. Но, е скап и недостижен! Во една прилика една жена болна од рак која веќе не е меѓу живите, разочарано ми рече: „Мојот живот во оваа држава не вреди  толку!“. И очигледно е така. Животот на граѓаните во оваа држава има цена и се мери со цената на евтините и застарени лекови.

А,надлежните се фалат со бројки на колку лекови ја намалиле цената. Ништо од тоа нема. Не се гледа во праксата. Зошто не кажуваат за тие лекови на кои им ја зголемуваат цената, два-три пати?

Како лекарите да лекуваат, ако им се врзани рацете? Какво газење на правата на пациентите и тоа од институциите.  Зошто се потценуваат граѓаните и нивниот живот се става под нозе? Знаеме дека сме парче земја каде што најновите достигнувања во фармацијата и медицината никогаш нема да бидат достижни. Но, барем да имаме нешто што одамна се употребува во светот, лек кој може да спаси живот. Каков пораз за оваа држава! Луѓе умираат зашто не можат да дојдат до лекови. За што повеќе да зборуваме, тогаш? Сето ова ќе влезе во историјата што ќе ја пишуваат идните генерации. Тие што ќе го преживеат овој геноцид.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.