Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Георгиев: СДСМ го поздравува Извештајот, но Филе не спомна „прогрес“

0
By Нова ТВ on October 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 16, 2013 17:44

– СДСМ го поздравува петтиот извештај со препорака за отворање на преговори на Република Македонија и не само што го поздравуваме, туку ја поздравуваме и Европската Комисија што и овој пат не ги стави во заложништво оние повеќе од 90 отсто граѓани на Република Македонија коишто веруваат во евроинтеграцијата на нашата држава. Велам, не ги стави во заложништво, заради лошите политики на Владата на Република Македонија, изјави по повод донесувањето на Извештајот за напредокот на Макеедонија, Гордан Георгиев од СДСМ.

Сепак Георгиев напомена дека, ако обраќањето на комесарот Филе се следи внимателно, ќе се забележи дека, за разлика од начинот на кој се обраќал кон другите држави, за Македонија во ниеден момент не го спомнал зборот “прогрес“.

-Неспомнувањето на зборот “прогрес“, за секој кој го познава барем малку евробирократскиот вординг е една индикација, една индикативна забелешка околу тоа каков е во овој момент ставот на Европската Комисија за прогресот на Република Македонија кон евроинтеграциите. Повторно како контраст, да потсетам дека во регионот, на пример Албанија доби кандидатски статус, а Србија доби силна препорака да започне преговори во јануари идната година со што се покажува повторно дека Македонија е ставена на маргините на и онака маргинализираниот Западен Балкан, потенцираше пратеникот на СДСМ.

За неговата партија, овој извештај е полош од ланскиот, а тоа се гледало особено во судството „каде што повторно се потенцира уназадување во смисла на селективна правда, политички притисок кон судството и корупција“, нотираше Георгиев.

Крајно загрижувачки е ставот на Европската Комисија, вели Гордан Георгиев, во областа на слободата на изразување и целокупната состојба во медиумите и повторно, овој пат на погруб начин, од Македонија се бараат конкретни резултати во областа на корупцијата и организираниот криминал.

Тоа што Европската Комисија бара исклучително поголемо одвојување на државата од партиите, од СДСМ претпоставуваат дека ако една партија е на власт седум години – ВМРО-ДПМНЕ, ова не се однесува на СДСМ туку на целата оваа спрега меѓу администрацијата, власта и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата на Георгиев, доколку започне скринингот за Македонија за 23то и 24то поглавје, ќе се покаже дека Владата во овие 6-7 години не сработила на полето на демократија, судство, корупција, основни човекови права и преку тоа ќе се отвори и Пандорината кутија во Република Македонија.

Георгиев смета дека Македонија повторно ќе биде блокирана од Европскиот Совет, но вели „дај Боже тоа да го почнеме, за да Република Македонија напредува во евроинтеграцијата и за да се види на кое дереџе е падната Република Македонија и како стоиме во областа на демократијата и човековите права“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.