-Во Бугарија има големо негативно чувство за Македонците. Тие сметаат дека многу малку правиме за Договорот за добрососедство“, изјави во „Клик Плус“ на Тв 21 поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.
Георгиевски смета и дека сегашниот премиер Зоран Заев радикално влегол во зближување со Бугарија и за тоа треба да се награди македонската влада со почеток на преговорите со ЕУ.
-Тоа е голем парадокс од бугарска страна. Ние сакавме и сакаме да се зближиме со нив, а за тоа сме казнети од официјална Софија. Има влада која ти пружа рака, а ти ја одбиваш“, изјави Георгиевски.
На сличен став е и универзитетскиот професор и поранешен премиер Владо Бучковски кои што истакна дека не е невозможно да се дојде до договор до декември, а како најсилен адут го смета пријателството на Заев и на Борисов.
„Не навредува дека кога ни го негираат јазкот идентитетот. И, за жал, го искористија ветото. Меѓутоа тие сепак, потврдуваат дека вратата е подотворена. Иако е тешка позицијата, тешко ќе се дојде до решение, тоа не е невозможно, пред се поради блискоста на Заев и на Борисов, смета Бучковски.