Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Георгиевски предлага тотална децентрализација, селата да бидат општини

0
By Влатко Чаловски on September 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политичко и економско влијание од секое село така што ќе стане општина предлага лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски.

– Сакаме да пласираме системско политичко решение кое ќе донесе промени на многу нешта во Македонија. Секое село може да стане општина, да се направи тотална децентрализација. Верувам дека оваа провокација ќе биде прифатена од многу структури, изјави денеска Георгиевски на прес-конференција.

Тој смета дека со мерката која ја предлага ВМРО Народна партија, ќе се реши проблемот со иселувањето на луѓето од селата во градовите и во странство, посочувајќи ја општина Центар, која вели не сака да и се прави она што сега и се правело.

– Оваа инцијатива ќе ја врати желбата на граѓаните да работат во своите родни места. Подобро да ги вработуваме во селата отколку да се полни администрацијата во Скопје. Овој модел функционира во цела Европска Унија, а кај нас ниедно село нема жиро сметка. Оваа промена е решение за многу проблеми, рече Георгиевски меѓу другото.

На истиот начин, лидерот на ВМРО-НП смета дека ќе се релаксираат и меѓуетничките односи.

Зборувајќи пак за предизборните коалиции, Георгиевски вели дека во најблиска соработка биле со партиите од десниот блок, дека контактираат и со СДСМ, но имал чувство дека Социјадемократскиот сојуз се откажал од идејата за голема коалиција.

На прашањето дали ќе има избори на 11 декември, Георгиевски вели дека неговата партија е во подготовки, а овој проект би влегол во нивната изборна програма.

Лидерот на ВМРО-НП на прес-конференцијата повторно ја повтори поддршката за специјалната обвинителка Катица Јанева и рече дека во интерес на сите е да се знае кој преслушувал пред да се одржат изборите.

ВМРО-НП избори Љубчо Георгиевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.