Жестокото спротивставување на Aлбанците за споменикот на Цар Душан е висок македонски државотворен чин, рече поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во емисијата на Мухамед Зекири, “Патот кон”, на Алсат-М, кој додаде дека не може да го разбере молчењето на Македонците.
Претседателот на новата партија Алијанса за Позитивна Македонија, Љупчо Зиков, смета дека тајното поставување на споменикот и дистанцирањето на институциите ја предизвика реакцијата на Албанците.
Георгиевски синоќа ја редифинираше својата оцена за тоа дека и 20 години по независноста Македонците остануваат про-југословенски ориентирани.
Гостите се согласија дека поделбата меѓу Македонците и Албанците е на критична точка и дека треба да се работи двата народа да се приближат, заради заедничките државни интереси и евроинтегративните процеси на земјата, објавува Алсат-М.




