Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Герасимовски и Шукова нудат решенија за депонирање на отпадот во градот Скопје и Општина Центар

0
By Zoran Ivanov on September 29, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова денеска заедно со кандидатот за градоначалник за Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски и претседателот на партијата Венко Филипче на првиот ден од кампањата за Локалните избори го посетија депото во Општина Центар, каде што се возилата со кои се собира сметот во оваа општина. Шукова истакна дека  граѓаните треба да се потсетат оти четири години ВМРО ДПМНЕ управуваше со градот Скопје и со Комунална хигиена. Таа истакна дека како резултат нивното препукување со актуелната градоначалничка Данела Арсовска доведе до хаос и трупање на смет во градот Скопје.

Сега ветуваат дека за Орце Ѓорѓиевски дека за 72 часа ќе го исчисти градот Скопје. Тоа се нереални ветувања, за разлика од Орце Ѓорѓиевски јас имам реален план како да се исчисти градот Скопје. Ние зборуваме за ново паметно решение, коешто ќе значи нова опрема и ќе значи џипиес комуникација со опремата во Скопје, односно да знаеме во реално време дали ни се полни контејнерите и кога треба да се празнат, вели Шукова.

Таа истакна дека во Програмата имаат дека ќе набават двојно повеќе контејнери и канти за складирање на отпадот, како и нови возила, бидејќи постојните се многу лоша состојба. Посочи дека еден од големите проблеми на граѓаните на градот Скопје и кабастиот отпад, којшто мора да се реши, а во нивната Програма нудат и решенија.

Сметаме дека Програмата која што ја нудиме на граѓаните за град Скопје ќе биде ефикасна и нема да има доцнење во собирањето на отпадот во градот. Нудиме ефикасен систем, којшто покрај сите овие функции ќе има и функции за селектирање и намалување на количните на отпад, секако и за расчистување на дивите депонии, изјави Шукова.

Кандидатката за градоначалник за град Скопје од СДСМ додаде дека системот за управување со отпад е комплексен, бара работа и соработка меѓу сите институции.

Кандидатот за градоначалник за Општина Центар од СДСМ, Герасимовски рече дека денеска Шукова и Филипче ги запознал со сето она што го правел во изминатите четири години, а треба да го реализира градот.

Денеска им посочив за нашата нова механизација, која е изнајмена минатиот период се со цел хигиената ја издегнеме на повисоко ниво и да не дозволиме Центарци да се угушат во ѓубре. Она што го правиме изминатите четири години продолжуваме и во наредниот нов мандат, каде што планираме дополнителна механизација, со две нови цистерни и пет нови метларки, се со цел да го зголемиме нивото на хигиена во Центар и да биде на највисоко ниво, вели Герасимовски.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција на првиот ден од кампањата за Локалните избори 2025 година им ја даде поддршката на кандидатите за градоначалници од СДСМ за Општина Центар и за градот Скопје. Забележа дека активностите кои се во тек во Општина Центар со собирањето на отпадот всушност се во целосна ингиренција на град Скопје. Но, поради препукувањата и какошто вели инаетот  меѓу ВМРО ДПМНЕ и градоначалничката, Арсовска Општина Центар морала да ги преземе со цел граѓаните на оваа општина да не се затрупаат и задушат во ѓубре.

 

Герасимовски избори Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.