Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГЕРБ го предложи за премиер познатиот бугарски неврохирург Николај Габровски

0
By Соња Крамарска on December 5, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најголемата партија во бугарското Народно собрание – ГЕРБ-СДС го претстави за свој кандидат за премиер Николај Габровски, кој денеска го прими првиот мандат од претседателот Румен Радев, јави дописникот на МИА од Софија.

Габровски е началник на Клиниката за неврохирургија во најголемата болница за итни интервенции „Пирогов“ во Бугарија.

Радев на Габровски му соопшти дека очекува во рок од седум дена да предложи состав за нова бугарска Влада што ќе ги исполни високите очекувања на јавноста за стабилност, стручност и одговорност. Претседателот кажа дека како прва политичка сила во Бугарија, одговорноста на ГЕРБ за формирање влада е најголема.

Габровски од своја страна кажа дека за него е должност и прашање на чест да вложи максимални напори Бугарија да има функционална влада.

„За жал, Бугарија во моментов е на раскрсница на многу кризи – економски, социјални, имаме сериозен мигрантски притисок“, кажа Габровски.

Според него, во Бугарија во моментов веќе втора година има политичка криза и рече дека ќе направи се што е можно да предложи влада која е далеку од политички разговори и конфронтации.

Кандидатот за премиер на ГЕРБ-СДС има рок од една недела да формира влада. Ако не успее – вториот мандат ќе биде доделен на „Промените продолжуваат“.

Даниел Лаурер од „Промените продолжуваат“ коментира дека неговата партија нема да поддржи влада на ГЕРБ, а лидерката на бугарските социјалисти Корнелија Нинова порача дека нема да поддржат влада со првиот мандат.

 

Бугарија ГЕРБ Николај Габров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.