Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Герберих и Пломп: Помирувањето не значи неказнивост

0
By Нова ТВ on November 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 21, 2018 15:02

Амбасадорите на Германија и на Холандија, Томас Герберих и Ваутер Пломп се децидни дека помирувањето не значи и неказнивост и оти сторителите на кривични дела мора да преземат одговорност за истите, коментирајќи го азилот на Никола Груевски и предлог-законот за амнестија за 27 април.

– Во врска со неодамнешното барање за азил на Никола Груевски, нема да се мешам во работењето на независниот правосуден систем, но убеден сум за една работа, помирувањето на општеството како целина, може единствено да се постигне доколку луѓето кои сториле кривични дела преземат одговорност за истите. Помирувањето не значи неказнивост, потенцира Герберих на промоцијата на твининг проектот „Јакнење на казнено-поправниот систем и пробациската служба“.

Посочи дека една од клучните реформи во земјата е реформата на правосудниот систем, со цел, како што рече, да се создаде општество што ќе работи врз основа на владеењето на правото, и почитувањето на човековите права и слободи.

– Овој твининг проект доаѓа во многу значаен период за Македонија, бидејки по позитивниот исход во процесот на имплементација на Преспанскиот договор, се надевам дека ќе се отвори патот за приклучувањето на вашата земја во НАТО и ЕУ, и тогаш македонската Влада ќе може целосно да се концентрира на реформските процеси кои мора да доведат до создавање на ново македонско општество, во кое правната сиурност ќе доминира, рече Герберих.

Додаде дека како партнери на овој твининг проект, Германија ќе даде поддршка со својата експертиза, со цел да се реализираат конкретните оперативни резултати и оти целта на проектот е да се зајакне ефикасноста на правосудсниот систем во Македонија.

Германскиот амбасадор посочи дека со реализација на овие цели, ќе се помогне и да се подобри пробациската служба и да се подобрат и зајакнат капацитетите на државата во пробациските служби, како и да се подобри свесноста на заедницата да се реинтегриаат овие лица.

Холандскиот амбасадор од своја страна рече дека во однос на потребата за помирување, тоа не значи и неказнивост, поддржувајќи ги овие ставови на германскиот амбасадор.

– Холандија повеќепати ја нагласувала важноста од владеењето на правото не само за исполнување на критериумите за членство во Унијата, туку и за подобрување на животниот стандард во Македонија. Во однос на потребата од помирување, морам да повтроам дека помирување не значи неказноивост, јас целосно ги поддржувам ставовите на мојот германски колега, рече Пломп.

Повтори дека Холандија ја поддржува Македонија во реформите кои не се лесни и токму затоа Холандија е тука да и помогне на земјата како партнер и оти македонските институции ќе го искористат знаењето и искуствата од Холандија и Германија во делот на пробацијата.

Герберих Пломп помирување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.