Published: Sunday, June 12, 2016 10:30
„Шарената револуција“ вечера вечер со герила-акција во Градски парк на „Скопје стрит фестивал“, и порача на власта дека има уште се седум дена до за исполнување на барањата до 18 јуни.
– Последниве денови слушнавме еден куп ветувања од страна на Груевски, кој одново бил реформски расположен. Од неговите ветувања овие 10 години единствено видовме задолжена држава, егзодус на граѓани и институции заробени од партијата. Граѓаните знаат дека Груевски не може да спроведува реформи! Им порачуваме на власта и на надлежните институции дека остануваат уште 7 дена до 18 јуни, рокот за целосно стопирање на прогонот врз демонстрантите и за потврда на уставноста на СЈО, порачаа од Шарената револуција, држејќи големи седумки.





