Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија воведува промени во воената служба

0
By Zoran Ivanov on November 13, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската влада постигна договор за идниот концепт на воена служба, кој би вклучувал задолжителен преглед на регрутите, но самата служба би останала на доброволна основа, објави денеска германската Влада.

Ова е одлучувачки чекор кон зголемување на одбранбената подготвеност на Германија, додаде германската Влада.

Новиот концепт предвидува задолжително вклучување на сите 18-годишни мажи во воените регистри. Според законот за воена служба, што треба да стапи на сила на почетокот на следната година, младите мажи кога ќе наполнат 18 години ќе треба да пополнат прашалник за мотивација и да се подложат на лекарски преглед. Оваа постапка би била задолжителна само за млади мажи.

Следната година, сите млади мажи родени во 2008 година треба да бидат поканети на задолжителен преглед. Девојките исто така, можат да пристапат до евиденцијата, но за разлика од момчињата тоа за нив ќе биде на доброволна основа.

За да се привлечат што е можно повеќе способни регрути на доброволна воена служба, планирана е месечна финансиска поддршка од 2.600 евра бруто, како и делумна субвенција за полагање на возачки испит.

Доколку не се пронајдат доволно регрути на доброволна основа, Бундестагот може да одлучи за воведување на регрутација по потреба. Во тој случај, би се одлучувало врз основа на принципот на случаен избор на тоа кој треба да служи воена служба.

Целта на новиот закон е да се зголеми бројот на активни војници од сегашните 183 на 255 до 270 илјади. Уште во 2011 година, Германија ја укина обврската за служење во војска, но поради нападот на Русија врз Украина и новонастанатата безбедносна ситуација, се покажа потребата од дополнителни мерки за зголемување на активниот состав на Бундесверот.

Во рамките на владејачката христијанско-демократска коалиција на канцеларот Фридрих Мерц, особено спорна беше одлуката за тоа по кои принципи ќе се одлучи за тоа кој е должен да служи војска во случај на недоволен број волонтери.

Сигурен сум дека ќе постигнеме доволен број војници и на доброволна основа“, изјави претседателот на клубот на СПД, Матијас Мирш, по состанокот на претставничките клубови на Унијата ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

 

армија Германија регрути
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.