Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија ја става групата Querdenker која не верува во Корона вирусот под опсервација

0
By НОВА ТВ on April 29, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската група Querdenker го води движењето против рестриктивните мерки во Германија. Querdenker во превод значи „латерални мислители“ што би требало да имплицира дека оваа група луѓето мислат на креативен или оригинален начин. Во овој случај тоа значи неверување во Корона вирусот, спротивставување на рестриктивните мерки и други теории на заговор.

Шефовите на германските разузнавачки служби ставаат под набљудување делови од протестното движење Querdenker кое е против локдаунот и останатите мерки околу Корона вирусот во Германија.

Германските надлежни органи сметаат дека оваа група има врски со други крајно десничарски движења. Властите ги наведоа врските помеѓу движењето Querdenker и екстремно десничарското Reichsbürger (граѓани на Рајхот) движење и индивидуалистичките групи Selbstverwalter (Самоуправување). Членовите на обајцата сметаат дека не подлежат на законите на германската држава.

„Овој развој мора да се запре по секоја цена“, рече претседателот на советот на Евреите во Германија, Јозеф Шустер.

Querdenker беа главните организатори на анти-Корона протестите во неколку градови во Германија. Минатата година Querdenker започнаа со организација во Штутгард, но нивното движење се прошири дури и до Берлин, главниот град на Германија, каде илјадници луѓе имаа демонстрација на 28ми август, 2020, протестирајќи ги владините мерки. Не сите луѓе кои присуствуваа на протестот во Берлин во август беа поврзани со групата но самиот факт што толку многу луѓе се појавија на таков протест беше загрижувачко.

Querdenker движењето исто така изгледа дека има врски со крајно десничарското движење QАnon кое започна онлајн и беше во главно беше фокусирано на САД, иако сега може да се каже дека нивното влијание е распространето низ целиот свет.

Тешко е да се дефинира што точно е QAnon, но кратката дефиниција би била дека QAnon е всушност збир на крајно десничарски теории на заговор кои може да се каже дека официјално започнале на imageboard форумот 4chan на 28ми октомври, 2017 кога се појавил првиот таканаречен „Q drop“, односно првиот пат кога корисникот што се потпишувал со буквата Q прв пат постирал. Личноста која се потпишува со буквата Q тврди дека тој има висока позиција во владата на САД и преку своите постови оваа личност ширеше невистини кои се базираат врз расизам, сексизам и најмногу врз нова форма на анти-семинитизам. Главната теза на QАnon движењето е дека светот го владеат тајна кабала на сатанисти и канибалистички педофили кои исто така водат глобален синџир за трговија со деца, a сега дел од нивните теории е и неверување во Корона вирусот. Движењето QАnon го гледаше поранешниот американски претседател Доналд Трамп како нивниот месија кој би ги сопрел наводните сатанисти и педофили.

Deutschlandfunk пишува дека на многу демонстрации од Querdenker движењето може да се видат симболи на QАnon, како и нивни поддржувачи. Не е јасно до крај што е врската помеѓу овие две движења, но дефинитивно не е случајност што и едното и другото движење почнуваат со буквата Q. Односно, изгледа дека Querdenker до некаде сакаат да бидат асоциарани со QАnon.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.