Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија одлучно го отфрлува нон-пејперот – аналитичари предлагаат Брисел да го осуди документот

0
By Нова ТВ on April 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 23, 2021 07:11

Се уште не стивнуваат реакциите откако минатата недела словенечкиот портал „Нецензурирано“, објави нон-пејпер испратен до ЕУ, во којшто се предлага прекројување на границите на Западен Балкан. Документот наводно бил напишан од словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој потоа тоа го демантираше, додека Канцеларијата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, во изјава за порталот „Еурактив“ не можеше да негира дека го добила документот, ниту пак даде дополнителни коментари.

Поцврст став од Брисел, што очигледно недостасуваше минатата недела во врска со контроверзниот документ во којшто се предлага промена на граници на Западен Балкан, ќе ги смиреше страстите во регионот, сметаат аналитичарите. Во исто време, регионални и меѓународни аналитичари со кои порталот „Еурактив“ контактираше, остро ги отфрлија идеите за „фантомскиот“ нон-пејпер.

Порталот наведува дека нон-пејперот, во кој се предлага можна промена на границите, беше објавен „за да се адресира малаксаноста што постои во поранешна Југославија“.

Вицепремиерот за европски прашања на Северна Македонија, Никола Димитров, чија земја би била засегната од предложената промена на границите, го нарече „опасен“ концептот за големи држави со етнички граници, наведува порталот.

Димитров за „Еурактив“ вели дека единствен соодветен одговор на овие дебати ќе биде зајакнат и видлив напредок на европската интеграција во регионот.

– Ние треба да се фокусираме не на создавање големи држави, туку на големи европски демократии и големи економии во регионот. Перцепцијата на избледување на европската перспектива на Балканот минатата година, можеби има врска со ова повторно раѓање на вакви спротивставени визии, вели тој за порталот.

„Еурактив“ наведува дека ова не е првпат да се предлагаат размена на територии како решение на политичките проблеми на Балканскиот Полуостров. Идејата, која се обновува на неколку години, наводно била дискутирана и во 2018 година меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и тогашниот косовски претседател Хашим Тачи, кој после тоа беше обвинет за воени злосторства.

Тогаш Европската комисија наводно прво го поддржала планот, што подоцна беше отфрлен по острото спротивставување од страна на Берлин, наведува порталот.

Марко Прелец, поранешен директор за Балканот на Меѓународната кризна група и професор на Централниот европски универзитет, вели дека нон-пејперот е „еден вид на Роршахова дамка, кој и да ја погледне, го гледа она што сака да го види“.

– Реакциите повеќе кажуваат за луѓето кои реагираат, отколку за наводниот нон-пејпер, вели аналитичарот, искажувајќи сомнежи за потеклото на документот.

Според него, од голема помош ќе биде доколку Европската Унија заземе поцврст став против овој документ.

– Великодушното толкување е тоа што Брисел и некои земји-членки не се сигурни дали е паметно едноставно да се обидат да го негираат неговиот кредибилитет со тоа што не коментираат или да излезат и да го осудат. Мислам дека во овој момент е веројатно најдобро да се осуди, смета аналитичарот.

Прелец додава дека документот треба да се гледа во контекст на намалениот процес на проширување којшто изгуби интензитет откако Хрватска влезе во ЕУ во 2013 година.

Португалското претседателство, потсетува „Еурактив“, има за цел да се донесе одлука за проширувањето до јуни, односно да се усвојат преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија, како и да се примени новата методологија на преговарање за Србија и Црна Гора.

Вицепремиерот Димитров, пак, кој вчера беше во посета на Рига, за време на средбите во Парламентот, од летонските пратеници добил порака дека секое натамошно одложување на пристапните преговори со Македонија испраќа деморализирачки сигнал до земјите од Западниот Балкан, до сите оние земји кои решително ги спроведуваат демократските реформи со крајна цел влез во ЕУ.

Летонскиот министер за надворешни работи, Едгарс Ринкевичс по вчерашната средба во Рига со вицепремиерот Димитров рече дека С Македонија постигна неверојатен напредок во процесот на приближување кон ЕУ и изрази надеж дека ќе стане 28-та земја членка на ЕУ.

Висок дипломат од Брисел за „Еурактив“ вели дека е неопходна одредена акција затоа што „секогаш кога ЕУ не е доволно видливо присутна, регионалната динамика брзо се менува, се формираат опасни наративи и потоа влегуваат трети актери“.

Во исто време, германскиот министер за Европа, Михаил Рот, рече дека Германија одлучно ги отфрлува идеите што би довеле до прекројување на границите на Балканот и верува дека тие се реликвии од минатото.

Рот во интервју за „Дојче вече“ истакна дека промените на границите нема да решат никаков проблем на Балканот, туку само ќе отворат нови конфликти.

-Нешто такво би било крајно опасно и би се заканувало повторно да ја отвори Пандорината кутија со потенцијал за нов конфликт. Не мора да бидете пророк за да го кажете тоа. Сегашноста и иднината на Западен Балкан лежат во помирувањето, тесната регионална соработка и конечното отстапување од национализмот и реваншизмот, рече тој.

Рот нагласи дека земјите од регионот треба да останат дом на мултирелигиски и мултиетнички општества.

Водечкиот германски дипломат одговорен за Европа истакна дека словенечката Влада јасно се дистанцираше од таквиот документ и сите „мечтаења“ за промена на границите, затоа што не може да биде во ничиј интерес во Европа, особено со оглед на трагедијата предизвикана од војните во поранешна Југославија.

Рот експлицитно изјави дека нема сили во Европската Унија што би се залагале за прекројување на границите.

Откако во медиумите беше објавен овој нон-пејпер минатата недела, македонскиот државен врв излезе со став дека секој обид за прекројување на границите ќе доведе до дестабилизација на Балканот, како и дека можност за отстранување на границите постои единствено преку членството во Европската Унија и влезот во Шенген зоната.

Нон-пејперот предизвика контроверзи, поради тоа што во него се предлага менување на границите на Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора, но и на Северна Македонија. Јанша од излегувањето на нон-пејперот во јавноста не даваше коментари, за потоа да демантира дека таков документ постои.

Официјален коментар од ЕУ за нон пејперот се уште нема. И покрај неколкудневните инсистирања досега од новинарите во регионот и од ЕУ кај прес службата на претседателот на Европскиот Совет за наводниот нон-пејпер, во кој се планира поделба на Босна и Херцеговина и создавање голема Србија и голема Албанија, нема никаква реакција од Шарл Мишел.

– Позицијата на ЕУ е многу јасна и нема ништо што треба да се промени. Треба да работиме на регионална соработка и помирување. Тоа е идејата и логиката на пристапниот процес – обид да се решат сите прашања, така што процесот не оди во опасни области, придржувајќи се кон европските закони и принципи, изјави минатата недела портпаролот на ЕК, Петер Стано, без да потврди дали во Брисел стигнал таков нон-пејпер од Љубљана.

Словенечки медиуми тврдат дека е можно документот да му бил предаден на Мишел за време на последната средба на Вишеградската група од страна на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, за кој, исто така, се шпекулира дека е замешан во овој наводен план.

Нон-пејперот насловен како „Западен Балкан – патот напред“, наводно доставен до Брисел од Јанша во февруари, предвидува обединување на Косово и Албанија, припојување на делови од Република Српска кон Србија и на хрватските кантони во БиХ кон Хрватска, како начин за решавање на отворените прашања на Западен Балкан и забрзување на патот кон ЕУ и НАТО. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 4, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

ВЕСТИ June 4, 2026

Северна Македонија треба да покаже обновена политичка посветеност и поширока меѓупартиска соработка за да го…

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.