Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија стравува од прилив на чеченски радикални исламисти

0
By Нова ТВ on August 9, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Германија, значително се зголемуваат барањата за азил од страна на Чеченци, меѓу кои има и лидери на исламската терористичка група „Кавкаски Емират“, а кои најчесто доаѓаат преку Чешка, објави германскиот весник „Ди велт“, пренесува МИА.

Според германските тајни служби, во земјата сега има околу 200 приврзаници на водачот на „Кавкаскиот емират“, Доку Умаров, најбараниот терорист во Русија, кој неодамна се закани со напади при Олимписките игри во рускиот град Сочи.

– Речиси сите врвни претставници на „Кавкаскиот емират“ во Германија дошле неодамна како апликанти за азил, цитира весникот изјава на неименуван службеник на внатрешните тајни служби.

Тој додава дека таквите лица собираат пари и врбуваат борци за војна на Кавказот.
Германските служби алармираат дека е евидентно е зголемен бројот на бегалци од Чеченија од почетокот на годината.

Колку за споредба, ако лани, азил барале 3.200 лица од Руската федерација, од нив Чеченци биле 70 проценти.

Последните шест месеци, има над 10.000 баратели на азил од Русија, а 90 проценти меѓу нив се Чеченци.

Иако главната траса за премин во земјата им е преку Полска, има многу кои доаѓаат и од Чешка, и тоа преку Украина, Молдавија, Романија или Бугарија.

Чешката Служба за безбедност (БИС) не се изјасни конкретно во врска со можното префрлување на чеченски исламисти преку Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.

– Доколку добиеме податоци дека на наша територија доаѓа до активности, кои можат да придонесат за загрозување на безбедноста на соседна земја(или некоја членка на ЕУ) можам да ве уверам дека такви информации секогаш неодложно ги предаваме на партнерските разузнавачки служби на одредената земја, вели Јан Шуберт за Чешката информативна агенција, ЧТК.

Загриженоста на Германија се гледа и од предлогот, потенцијално опасните баратели на азил од Чеченија да се сместуваат во специјални објекти кои се под постојан надзор.

Според „Ди Велт“ поради можни напади од страна на чеченски исламисти, изминатите недели неколкупати се сретнале претставници на германските и руските тајни служби и разговарале за можни терористички мрежи од Кавказот, кои можат да се рашират во Германија.

Во мај, руската служба ги информирала своите германски колеги дека дошла до телефонски разговор на исламист од Кавказот во Сирија, во кој шифрирано се зборувало за „операција во Германија“.

Веднаш потоа, Германската тајна служба идентификува 18-годишно момче од Чеченија кое живее во Берлин како можен учесник во акцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.