Силна експлозија во фабрика за хемиски производи го потресе вчера грaдот Ритерхуде, близу Бремен.Инцидентот се случи синоќа околу 20: 55 по локално време.
Портпаролот на противпожарната служба Мајкл Рихартц изјавил: „Огнот е произведен во многу кратко време поради огромна топлина”. Тој се сомнева дека најверојатно експлозијата е предизвикана од ацетон, бидејќи таму се обработувал растворувачот.
Во акцијата на гаснење се вклучиле 300 пожарникари и 60 полицајци, а запалени биле и неколку околни згради. Поради ужасната жега, пожарникарите имале големи тешкотии за постигнување до огнот. И покрај постојаните пораки за настанатиот токсичен облак, стотици случајни минувачи дошле на местото на катастрофата, а околу 22 часот сообраќајот тотално престанал.
Две лица биле транспортирани во блиските болници со сериозни повреди. Железничката линија меѓу Бремен и Бремерхафен е затворена поради инцидентот.