По вчерашната средна на канцеларката Меркел со медијаторот Нимиц во јавноста се отворија многу дилеми и шпекулации за понатамошниот тек на процесот на решавање на спорот со името. Оваа невобичаена средба ја збуни јавноста но и официјалните претставници на владите во Скопје и Атина.
НОВА се обрати до амбасадата на Р. Германија во Скопје со барање за појаснување за тоа што беше целта на оваа средба во Берлин?
“Сојузната Влада енергично ги повикува двете страни своите преговори да ги водат конструктивно и подготвени за компромис и во блиска иднина да изнајдат решение во спорот за името” се вели во одговорт од амбасадата на Р. Германија во Македонија испратен до редакцијата на НОВА.
“Целта на разговорите на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Нимиц, во Mинистерството за надворешни работи и во седиштето на Сојузниот канцелар на Германија, беше да ја информира Сојузната Влада од прва рака за состојбата на неговите напори за посредување. Оваа можност за разговори произлезе бидејќи Нимиц моментално е на патување низ Европа.
Целта на средбите беше исто така и да се поддржат посредувачките напори на Нимиц.
Сојузната Влада во целост, а и самата Сојузна канцеларка со години се залагаaт за напредок при изнаоѓањето на решение за прашањето за името, се вели во изјавата на амбасадата за НОВА.




