Амбасадорката на Германија во Македонија, Гудрун Штајнакер, вели дека е многу погодена на каков начин повторно некои македонски медиуми блиски до Владата, како и новинари и владини претставници ги третираат највисоките претставници од други држави, без притоа да следат официјални реакции, изјави за
Слободен печат и Плусинфо.
Оваа реакција доаѓа откако водителот Миленко Неделковски ја нарече холандската амбасадорка Мариет Шурман „јебозовна“.
– Притоа мислам на навредите и лагите кои минатото лето беа проширени за шведскиот амбасадор. Мислам и на тоа дека не следеше никаква реакција од страна на македонската Влада во врска со очигледната навреда на ќерката на грчкиот министер за надворешни работи, Венизелос, пред неговата посета на Скопје, на фејсбук страната на еден висок член во Владата. Сега мојата холандска колешка стана жртва на еден новинар кој е познат по неговите навредувачки изјави и неговата еднострана пропаганда, изјави Штајнакер.




