Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германски „Ипротекс“ инвестира пет милиони евра во производство на технички текстил

0
By Нова ТВ on January 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 20, 2021 14:28

ерманската компанија „Ипротекс“, дел од групацијата Innotech & Iprotex, ќе инвестира 5 милион евра и ќе отвори најмалку 30 работни места во фабриката за технички текстил во Технолошко-развојната зона Скопје. Од тоа, 20 проценти се вложувања во градежниот објект, а останатите 80 проценти во нови технологии. Веќе се ангажирани 25 лица кои ќе примaат просечна плата која е за 10 проценти повисока во однос на просечната плата исплатена во зоните.

Објектот ќе се протега на површина од 49 метри квадратни, а планирано е да започне со работа на крајот на јануари или почетокот на февруари.

 

Договорот за државна помош беше потпишан денеска во Владата од страна на директорот на Дирекцијата на Технолошко-развојните зони Јован Деспотовски и на управителот на „Ипротекс“, Блаже Левовски.

Согласно законската регулатива на компанијата и следат до 50 проценти поддршка во однос на реализацијата на инвестициските трошоци, а нема да користи државна помош за работните места.

 – Договорот беше заклучен кон крајот на минатата година. Работиме на моделот малку да го рекструираме односно да имаме поголема фелскибилност, меѓутоа за овој договор имаме стандардна структура што предвидува 20 проценти од овие 50 проценти да бидат финансиски средства, но субвенции во вкупен износ не поголем од 800.000 евра, а останатите да бидат даночни и царински ослободувања што компанијата ќе може да ги користи, истакна Деспотовски.

Тој е задоволен што со оваа инвестиција вработените ќе добијат повисоки плати од просечните во зоните, иако вели целта е платите во зоните да растат и да го надминат просекот во државата.

– Не станува  збор за рекордно големи бројки, меѓутоа е важен чекор напред кон реализација и наша поставена цел, а тоа е да креираме работни места, но добро платени работни места. Веќе во моментот имаме 25 лица кои се ангажирани, а компанијата има деловен план само во оваа фаза да достигне бројка до 30 наши сограѓани кои ќе го остваруваат своето право за пристојна заработувачка, истакна Деспотовски по потпишувањето на договорот. 

Дел од деловните активности, компанијата ги сели во земјава. Не станува збор за елементи кои имаат пониска додадена вредност, туку цела производствена линија која ќе се реализира исклучиво во Северна Македонија. Планираните приходи се околу 800 илјади до 2023 година, а во период од 10 години компанијата планира раст на приходите од скоро шест пати.

Според вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ова е една позитивна искра и почеток на нов инвестициски бран во земјава.

За вицепремиерот Битиќи, ова е една позитивна искра и почеток на нов инвестициски бран во земјава

Макроекономските показатели во последните два квартали, особено во четвртиот квартал од минатата година, како што посочи, покажуваат позитивни движења што е доволен сигнал дека економијата е раздвижена и постепено се зголемува економскиот раст.

Минатата година, според Битиќи, исплатена е рекордна директна помош за компаниите во износ од околу 63 милиони евра.

– Го спроведовме јавниот повик за зголемување на кнкуретноста на компаниите преку кој со над 17 милиони евра поддржавме 400 инвестициски проекти на компании кои вложиле во периодот на кризата. Воедно, преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, преку мерките од Пчланот за економски раст, со над 11,5 милиони евра поддржавме до 140 домашни компании кои инвестирале во 2019 година. За странските компании преку мерките за кои имааме склучено договори за 37 дкомпании имаме исплатено 25,6 милиони евра поддршка, истакна Битиќи.

Управителот на „Ипротекс“ во Северна Македонија, Блаже Левовски изрази благодарност и задоволство од соработката со Дирекцијата за ТИРЗ и Владата и се осврна на историјатот на компанијата.

Управителот на „Ипротекс“ во Северна Македонија, Блаже Левовски

„Фирмата Ипротекс е формирана со седиште во Германија од 1999 година. Има 6 фабрики коишто се на 4 различни континентни, 2 продажни претставништва. Компанијата се занимава со изработка на материјали за автомобилската индустрија, за технички текстил и термоизолациони материјали. Со оглед на тоа што автомобилската индустрија е во голем подем и се бараат алтернативни решенија за фосфорни горива, исто така ни дава за право да се надеваме и да ги проектираме нашите планови на долгорочно ниво. Одлуката за инвестицијата во Република Северна Македонија е донесена на база на нашите клиенти, а ние имаме стратегија да се доближуваме колку што е можно повеќе до нашите клиенти. Нашата компанија во последно време работи на истражување и усовршување на некои нови техники за термо-техничка изолација на автомобилската индустрија и исто така во поново време, минатата 2019 година е воспоставен нов договор со Европската вселенска агенција и со НАСА за изработка на обвивки за сателитските приемници на вселенските летала“, објасни управителот на „Ипротекс“, Левовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.