Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германски „Остеуропа“: Што бара Груевски во Берлин?

0
By Нова ТВ on September 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 6, 2016 19:28

Ова прашање се поставува во текст на магазинот „Остеуропа“ (http://www.dw.com/mk/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%B5%D1%80%D0%BB%D0%B8%D0%BD/a-19529726?maca=mk-Facebook-sharing) кој единствен во германскиот печат денеска информира за посетата на поранешниот македонски премиер, овојпат како лидер на ВМРО-ДПМНЕ на Берлин, јавува Дојче веле на македонски.

Никола Груевски е македонскиот моќник, кој во својата земја затвора опозиционери и систематски ја уништува демократијата. Но, некои германски политичари сепак го прифаќаат, пишува во анализата на магазинот.

„Балканската рута не беше затворена со договорот меѓу ЕУ и Турција, туку неколку недели претходно, кога малата балканска земја Македонија ја затвори границата за бегалците. Соработката во бегалскиот проблем сега се наградува од партиите на Унијата (владејачките сестрински ЦДУ и ЦСУ, н.з.). Во моментов делегација на десно-конзервативната ВМРО е во Берлин. Ја предводи Никола Груевски, македонскиот моќник. Состанокот беше инициран од пратеникот на ЦСУ (Христијанско-социјалната унија, н.з.) Тобиас Цех“.

Магазинот пишува дека Груевски бил премиер до јануари годинава кога поднел оставка во рамките на Договорот од Пржино, кој треба да овозможи фер и слободни избори. „Формално, Груевски ги почитува сите термини… но ниту еден од условите кои треба да овозможат фер и слободни избори од него не е исполнет“.
И покрај оставката, Груевски не се откажа од моќта, се наведува натаму во текстот.

„Никој во Македонија не се сомнева дека тој и натаму во свои раце го држи политичкото кормило“.

Критичен кон посетата на Груевски е пратеникот на СПД, Јосип Јуратовиќ кој е и член на комисијата за надворешна политика на Бундестагот.
„Договорот од Пржино мора итно да биде спроведен, а изборите на 11 декември мора да бидат спроведени според меѓународните демократски стандарди“, вели Јуратовиќ.

И покрај случувањата во Македонија и обвинувањата за авторитарен стил на владеење, ЕУ и натаму му се додворува на Груевски.

„Особено конзервативците, во прв ред германските конзервативни партии и австриската ОВП (Австриската народна партија), го сметаат за важен партнер, откако Македонија ја затвори Балканската рута. Додека претседателот Реџеп Таип Ердоган во Турција треба да ги спречи бегалците да пристигнуваат до европското копно, Груевски треба да ги задржува оние кои успеале да пристигнат до Грција“, пишува магазинот Остеуропа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

ВЕСТИ June 6, 2026

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови…

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.