Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германските демохристијани загрижени за падот на популарноста на пет недели пред изборите

0
By Biljana on August 19, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На нешто повеќе од пет недели пред парламентарните избори во Германија владеачката коалиција на ЦДУ/ЦСУ изрази загриженост поради падот на популарноста во анкетите.

„Постои реална можност Унијата да не учествува во работата на идната влада“, изјави лидерот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и премиер на Баварија, Маркус Зодер, на денешниот затворениот состанок на претседателството на патијата, пренесуваат германските медиуми На

Зодер зборува за „драматичен“ развој на настаните. Истовремено, тој ја посочи опасноста од формирање коалиција без учество на ЦДУ/ЦСУ, кои се на власт во континуитет од 2005 година.

Денеска е објавен резултатот од анкетата на јавното мислење на Институтот „Кантар“, што покажува дека ЦДУ / ЦСУ е во водство пред Социјалдемократската партија на Германија (СПД) за само еден процент. Според овие резултати, Унијата може да смета на поддршка од 22 проценти од гласачите.

Во анкетите на почетокот на годината, ЦДУ/ЦСУ беа поддржани од 36 проценти од испитаниците, додека СПД имаше само околу 15 проценти.

Пад на популарноста бележи и партијата на Зелените, која во еден момент пролетва имаше поддршка од 28 проценти од испитаниците и во тој момент беше пред ЦДУ / ЦСУ.

Според учесниците на состанокот на претседателствотона ЦСУ, Зодер се плаши дека по изборите на 26 септември на федерално ниво, може да се формираат коалиции на социјалдемократите, зелените и либералите или левичарската коалиција со социјалдемократите, зелените и партијата Левица.

„Се уште можеме да го смениме трендот, но ќе биде тешко“, рече Зодер.

Маркус Зодер кандидатурата за канцелар на Унијата на изборите му ја препушти на претседателот на поголемата партија – Христијанско -демократската унија (ЦДУ), Армин Лашет, кој, ужива многу помала поддршка од него.

Според анкетата на Институтот „Сиви“ направена за неделникот „Шпигел“ граѓаните сметаат дека Армин Лашет е помалку компетентен да се справува со меѓународните кризи, како актуеланата во Авганистан, од неговиот ривал, социјалдемократскиот кандидат Олаф Шолц.

Германија ЦДУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.