Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германците повеќе се плашат од Трамп отколку од коронавирусот

0
By Нова ТВ on September 10, 2020 СВЕТ
Фото: businessinsider.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај коронавирусот, Германците се оптимисти и имаат толку малку стравови колку што одамна не се случило – е изненадувачкиот резултат од едно истражување, јави Дојче Веле.

Веќе 28 години, по налог на Рајфајзен Фолксбанке Осигурување Р+В, сеспроведуваат анкети околу стравовите на Германците.

И токму во 2020, годината на короната, Германците сенајмалку уплашени во споредба со претходните децении. Секако дека во јавност носат маска и сепретпазливи. Но, страв од заразување со коронавирусот имаат само малкумина.

– Затоа индексот на сите стравови паѓа од 39 на 37 проценти, на најниско ниво од почетокот на спроведувањето на анкетите во 1992 година, изјави Бригите Ремштет, која го води инфоцентарот на Р+В Осигурување.

За студијата биле испитувани мажи и жени постари од 14 години. Анкетарите ги прашувале испитаниците за најголемите политички, економски, лични и еколошки стравови и притоа откриле дека короната на Германците им предизвикува релативно малку страв.

Само 32 проценти (изминатата година биле 35) стравуваат од тешко заболување во оваа година во која доминира коронавирусот.

– Исто така, само една третина од испитаниците стравувале дека нему лично или на лица од опкружувањето ќе му се случизараза со корона, објаснува Ремштет.

Слични резултати покажало и испитувањето за трендот во Германија на првата германска телевизија спроведено на почетокот на месецов.

Германците, и покрај растечките бројки на заразени и свеста дека опасноста и натаму постои, сепак се доста релаксирани. Само 42 проценти од испитаниците стравуваат дека со глобализацијата во иднина може да има повеќе пандемии.

– Со оглед на брзото ширење на вирусот во светот тука очекувавме поголем процент. Според нашите сознанија, луѓето имаат многу повеќе страв од тоа дека вирусот им ја загрозува благосостојбата отколку здравјето, вели Ремштет.

На 3 ноември Американците избираат нов или старо-нов претседател. За многу Германци ова второво би било хорор верзија. За нив Доналд Трамп е на врвот на скалата на страв, пишува Дојче Веле. За 53 проценти од испитаниците најмногу страв предизвикува американскиот претседател – на прво место! Уште во 2018 водеше на ранг-листата во анкетата околу стравовите.

Професор Манфред Г. Шмит смета дека овие стравови се„основани“.

– Трамп со неговата надворешна политика постојано предизвикува меѓународни компликации, вели политикологот и како пример го наведува трговскиот конфликт со Кина, или напади против сојузници како Германија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.