Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гешковска, оди си дома!

0
By Биљана Секуловска on July 6, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 6, 2014 14:55

Последниот случај на обвинителката Гордана Гешковска „Монструм“ и нејзините завршни зборови со кои ја крена јавноста на нозе не ја поколебаа да продолжи да го практикува апсолутизмот, онаа апсолутна моќ која смета дека ја поседува и на која никој не смее да се спротивстави, кога станува збор за нејзината професија, пред која дури и боговите мора да молчат.

Така изгледа пораката на нејзината последна изјава дадена за Дојче веле: „Го вклучив телевизорот и видов некои снимки од протестот. Дефинитивно, ова е напад на судот како независна институција. Никој нема право да ги коментира судските одлуки, а камо ли вака да се однесува.”

Ток­му по­ра­ди тоа, са­кам да пот­се­там на еден мој судски случај и ослободителна пресуда во 2006 година.

Тој случај претставува клу­ч на сло­бо­да­та на ме­ди­у­ми­те изразена преку суд­ска­та прак­са на Ев­ро­па и аплицирана во Македонија од страна на Врховниот суд, внимавајте, пред 8 години.

Мојот случај стана дел од извештајот на Стејт департментот.

Историјата на европските новинарски коски

Пред де­сет го­ди­ни бев ту­же­на од су­диј­ка­та Кли­мен­ти­на Са­ве­ска од Ох­рид за јав­но из­не­се­но мис­ле­ње на А1 вес­ти­те. Неј­зи­на­та пре­су­да од шест ме­се­ци за нар­ко­ди­ле­рот Ди­ла­вер Бој­ку-Ле­ка ја на­ре­ков скан­да­лоз­на.

Бев ос­ло­бо­де­на од Ос­нов­ни­от суд, но су­диј­ка­та Са­ве­ска се жа­ле­ше на оваа пре­су­да. За­тоа, по крат­ко вре­ме, Апе­ла­цис­ки­от суд ме осу­ди за кри­вич­но­то де­ло нав­ре­да.

Во ме­ѓув­ре­ме, мо­јот слу­чај ста­на дел од из­веш­та­јот на Стејт де­пар­тмен­тот на САД, ка­ко илус­тра­ци­ја за сло­бо­да­та на ме­ди­у­ми­те во Ма­ке­до­ни­ја.

Но, по мо­ја­та жал­ба до Апе­ла­цис­ки­от суд, Вр­хов­ни­от суд ме ос­ло­бо­ди, славејќи ги демократските вредности и притоа потсетувајќи не на ис­то­ри­ја­та на европските но­ви­нар­ски ко­ски кои се ос­та­ва­ле во име­то на сло­бо­да­та.

Оваа пре­су­да, да се из­ра­зам со збо­ро­ви­те на Ми­лан Кун­де­ра ко­га го опи­шу­ва Да­ни­ло Киш, прет­ста­ву­ва прет­во­ра­ње на дра­ма во го­ле­ма по­е­зи­ја – за сло­бо­да­та на но­ви­нарс­тво­то во Ма­ке­до­ни­ја.

Гле­диш­та­та за не­кој су­ди­ја се­ко­гаш се важ­ни за јав­нос­та

Вр­хов­ни­от суд ва­ка ја об­јас­ну­ва мо­ја­та оце­на де­ка пре­су­да­та на су­диј­ка­та Са­ве­ска е
сканда­лоз­на:

“Овие деј­ства прет­ста­ву­ва­ат вред­но­сен суд вгра­ден во пра­во­то на сло­бо­да­та на мис­ле­ње и из­ра­зу­ва­ње. Ев­роп­ска­та кон­вен­ци­ја за чо­ве­ко­ви пра­ва, во чле­нот 10, ја га­ран­ти­ра оваа сло­бо­да ка­ко пра­во на сло­бо­да на из­ра­зу­ва­ње, кое го вклу­чу­ва и пра­во­то на сло­бо­да на сопс­тве­но мис­ле­ње.

Ова пра­во е пок­ри­е­но со Ус­та­вот на Р. Ма­ке­до­ни­ја, во членот 16, ка­де што се га­ран­ти­ра сло­бо­да­та на уве­ру­ва­ње, со­вес­та, мис­ла­та, јав­но­то из­ра­зу­ва­ње на мис­ла­та…

Вр­хов­ни­от суд на Р. Ма­ке­до­ни­ја, сог­лас­но со прак­са­та на Ев­роп­ски­от суд за чо­ве­ко­ви пра­ва во Страз­бур, ис­так­ну­ва де­ка то­ле­ран­ци­ја­та на ин­ди­ви­ду­ал­ни­те гле­диш­та е важ­на ком­по­нен­та на де­мок­рат­ски­от по­ли­тич­ки сис­тем.

Во прин­цип, гле­диш­та­та за не­кој су­ди­ја се­ко­гаш се важ­ни за јав­нос­та и не сме­ат да ос­та­нат над­вор од јав­на­та де­ба­та. Су­дот и су­ди­и­те, ка­ко но­си­те­ли на јав­ни фун­кции, не ра­бо­тат во ва­ку­ум и јав­на­та дис­ку­си­ја за нив и кри­ти­ки­те на суд­ски­от ис­ход не мо­же да се заб­ра­нат.

Вред­нос­ни­те ста­во­ви има­ат пра­во на сло­бод­но из­ра­зу­ва­ње и не мо­жат да се ква­ли­фи­ку­ва­ат ка­ко кри­вич­но де­ло нав­ре­да од членот 173 од Кри­вич­ни­от за­ко­ник.

Из­не­се­но­то мис­ле­ње прет­ста­ву­ва јав­но из­ра­зе­но не­сог­ла­су­ва­ње и кри­ти­ка, и тоа ка­ко так­во мо­ра да би­де сло­бод­но, би­деј­ќи тоа е единс­тве­ни­от на­чин за јав­но де­ба­ти­ра­ње на греш­ки­те и на­о­ѓа­ње на­чин за мож­на ис­прав­ка.

Поп­ре­чу­ва­ње­то на јав­на­та кри­ти­ка на на­чин што таа ќе се ква­ли­фи­ку­ва ка­ко нав­ре­да на друг, во об­лас­та на уп­ра­ву­ва­ње­то (судс­тво­то и су­ди­и­те), не им слу­жи на ин­те­ре­си­те на за­ед­ни­ца­та во це­лост и ба­ра со­ра­бот­ка од ин­фор­ми­ра­на­та јав­ност”.

За каква држава мечтаеме?

Претпоставувам дека Г- ѓа Гешкоска (инаку позната и по случајот “Пајажина”) и по промена на сегашната владејачка гарнитура ќе продолжи да работи како обвинител и доколку е тоа случај, се надевам дека дури тогаш ќе се создаде демократски амбиент, после кој би почнала да ги осознава овие едноставни дефиници на демократските принципи и вредности, со кои таа сега, едноставно не може слободно да дише, a смета дека демократијата и “граѓанството се игра за будали и нема причина, нема поента да се биде информиран (американскиот новинар Дејвид Бродер)”.

Така изгледа демократијата ако не сакаме да претвориме се во една голема игра за будали: секоја власт, вклучувајќи ја и судската, се предмет на постојана проверка, преиспитување, преоценување, критики и иницирање на јавни дебати во кои се вклучува граѓанството, од страна на четвртата власт (медиумите).

Тогаш, можеби ќе има време и за, сега за неа неважна, порака од Умберто Еко: “Никој не мечтае за држави во кои би управувале филозофи, но би било добро на нивните места да се најдат луѓе со светли мисли во главата”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.