Поради немање кворум, односно потребното дво-третинско мнозинство Парламентот не можеше ниту денеска да им ги верификува оставките на двајцата членови на Лустрациска комисија кои беа претставници од опозиционата СДСМ.

Поради тоа Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски формално и натаму остануваат членови на комисијата.

Нивните оставки следеа по изразеното незадоволство од работата на лустраторите.
Сепак комисијата го има потребното мнозинство и продолжува со работа и покрај забелешките од Венецијанската комисија.