Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ги доби ли премиерот двете илјадарки да купи 62 свеќи

0
By Marija Todorovska on June 11, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гневот на татко за изгубеното чедо е порака да престанете со лицемерие и разводнување на одговорноста  што не је спречивте најголемата македонска трагедија. Тој крик на болка  е испратен на точна адреса на Духовден, со гнев и разочарување од односот на власта и на јавноста.

Ерол Ризаов

Транспарентната влада не објави информација дали премиерот Христијан Мицкоски ги добил двете илјадарки што му ги остави на улица таткото на загинатиот музичар во трагедијата во Кочани. Парите беа наменети да купи 62 свеќи и да оддаде почит на сите што го загубија животот во кочанскиот крематориум. Порaката не беше ни политичка, ниту партиска, а најмалку бизaрна, како што се обидите да се прикаже како некаква некрофилија.

Тој крик на болка е испратен на точна адреса на Духовден,  со гнев и разочарување од односот на власта и на јавноста. Гневот на татко за изгубеното чедо е порака да престанете со лицемерие и разводнување на одговорноста што не је спречивте најголемата македонска трагедија. Тоа можевте и моравте да го направите, оти власта таа вечер беше присутна таму и не мрдна со прст да постапи по сила на законските обврски. Не покажавте ни грам морална одговорност. Ете, тоа беше пораката на двете илјадарки оставени на кочанската траорна патека.

Разочарувањето е големо оти мртвите деца и ранетите се погласни од живите и здрави возрасни. Кочанчани се оставени сами да ја бараат правдата и одговорноста. За жив срам стаса одговорот од премиерот Христијан Мицкоски, кој во тоа препознал опозициска некрофилска злоупотреба и предизборна кампања против неговите битки за неограничена власт. Премиерот со непримерна доза на ароганција одговори дека имало скриена агенда и манипулација со темата на трагедијата во Кочани. Тоа го нарече некрофилија на СДСМ. Мицкоски протестите во Кочани ги оквалификува како движење кое од граѓанско прераснало во политичко.

Тоа е тој балкански механизам на властите кога ќе се случат трагедии поради непочитување на законите да се избегне одговорноста. Во Нови Сад во падот на настрешницата на железничката станица загинаа 16 луѓе и поради тоа шест месеци Србија ја тресе студентска револуција на која се приклучија милиони граѓани кои бараат одговорност и функционирање на институциите на системот. Режимот одговори дека е тоа политичка злоупотреба и некрофилија на опозицијата и на странските агентури. Дали во тоа нешто препознавате.

Не е можна српска опасност во Македонија

Се разбира таква „опасност“ во Македонија не е можна. Страховладата ја држи под контрола ситуацијата. Молчат студентите, молчат инситуциите, молчат јавните личности, молчат таканаречените интелектуални елити, молчат медиумите, молчи партизираната јавност, а и кога нешто ќе кажат видлива е релативизацијата која редовно кај нас по ваквите трагедии  влече во заборав. Неколкуте храбри исчекори да се открива вистината експресно и громогласно  се жигосува како скриена политичка агенда.

На сметка на тоа, да се сврти вниманието на јавноста на друга страна,  деноноќно фрчат вести за големите успеси на власта. Од сите страни стасуваат милијарди евра, станавме четврта економија во Европа по економски раст, стануваме најбогата земја на Балканот, ќе се градат грандиозни проекти, големи брани, автостради, брзи пруги, болници, училишта, градинки, канализации, канали за наводнување, ќе се делат илјаднци евра за почнување на бизниси на млади луѓе,  недостасува само уште старата лага пловен Вардар до Солун, до Егејското и Црното Море преку Морава до Дунав. Уште колку пати можат да нѐ излажат со милијардите евра и долари.

Па, така и за Кочани премиерот подготвувал специјано големо изненадување со милиони на ЕУ да стане економскиот „тигар“ на Источна Македонија. Тоа не е предизборна кампања, тоа се подготовките за изградба на Потемкиновите села чии кулиси се сочувани од времето кога бевме светски прваци по економија и бизнис можности  за брзо богатење на малкумина и уште побрзо осиромашување на многумина. Сите успеси на македонските политичари можат убаво да се видат на илјада диви депонии, на скопските контејнери, на илјадници септички јами, на територијата на повеќе од половина Македонија која нема канализација, на елките накитени со најлон кеси, на пластичните шишиња што пловат кога ќе надојде Вардар, на старите училишта со табли и сунѓери  останати од времето на социјализмот со празни училници без деца и учители, со напуштените и опустошени некогаш плодни ниви, со канали за наводнување полни со шут и без вода, со изгорени шуми и пепелишта, со три дена сонце суша и со три дена дожд поплава.

Бедата од успесите на македонските политичари

Ете, тоа е бедата од успесите на македонската политика и политичари. Европа била дволична, протекционистичка, која ја водат неспособни бирократи кои ја мразат Македонија, кои сакаат да ѝ го земат идентитетот, јазикот и гордоста на најсиромашниот народ. Ама тоа нема да им успее бидејќи нашата мудра и храбра власт нема да дозоволи да ни се одземат вековните историски достигнувања.

Пристапот до милијардите евра што ќе ни ги даде истата таа Европа која нѐ блокира и ни става вета да не бидеме во премиер лигата ќе ја дотераме до памет дека ни прави неправда со тоа што самите си ставивме блокада и поставиме такви услови што еден ден кога и да е ќе нѐ молат да станеме рамноправна членка на ЕУ. Поточно, веќе нѐ молат нудејќи милијарди евра и фунти за една мала услуга да бидеме „мигрантска чекалница“ за влез, но и за излез, односно протерување од Европа на тие што не им  требаат, оти нивните закони за човекови права тоа не го дозволуваат. Кршењето на првата на азилантите ќе го спроведуваме ние. Тоа кај нас не е проблем. Ќе им изградиме прифатилишта на мигрантите, а нашите деца и внуци ќе одат и натаму без пречки да работат во Европа како посакувани работници. Нормално, со големи олеснувања ако имаат бугарски пасоши, а набргу и албански со исто значење. Во наредните 20 до 30 години ќе се решат сите наши проблеми. Што се изгубени само 60 до 100 години спрема нашиот повеќевековен идентитет и достоинство на сиромаштија и беда.

Ете затоа мислам дека „бизарниот чин“ со 2.000 денари оставени на улица за  премиерот на купи 62 свеќи и да оддаде почит кон настраданите можеби ќе беше подобро да се направи на еден поинаков начин. Едноставно да не го мачат Мицкоски да купува свеќи, туку да му ги испратат во пакет на адреса на владата. Нешто на Мицкоски не му се доаѓа во Кочани. Таму не се чувствува добро. Разбирливо.  Нека ги запали свеќите во Скопје во Соборниот храм  со припомош на нашите црковни великодостојници. Може да се испратат и повеќе пакети со свеќи. Има во Скопје доволно цркви скопјани да палат свеќи многу натажени за трагедијата во кочанската „шупа“ „Пулс“ каде згасна пулсот на децата кои отидоа курбан, жртви, на негрижа, корупција  и беззаконие.

Текстот е сопственост на Независен 

Ерол Ризаов Кочани Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.