Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ги финансира ли Москва европските екстремно десни партии?

0
By Нова ТВ on November 27, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 27, 2014 12:29

Францускиот екстремно десен Национален фронт (НФ) преговара со банка блиска до Кремлин за заем од 40 милиони евра кои треба на партијата да и помогнат да дојде на власт во Франција, објавува Медиапарт, независен истражувачки француски сајт. Овој истражувачки медиум минатиот викенд објави дека Марин Ле Пен, претседателката на Националниот фрон, добила 9 милиони евра од Првата чешко-руска банка која е сопственост на Роман Попов, олигарх близок до Кремлин.

Но според втор текст на Медиапарт објавен во средата на 26 ноември, овие 9 милиони се само врвот на брегот. Медиапарт додава дека овие информации се совпаѓаат со изјава на член на политичкото биро на Националниот фронт, пренесува сајтот ЕУОбзервер.

“Првата транша е платена од заемот од 40 милиони…. првата транша од 9 милиони пристигна а уште 31 треба да следат”, вели овој извор на Медиапарт. Тој го цитира и Бернар Моно, европски пратеник од НФ: “Рековме дека ни е потребно финансирање во нашите дискусии со банката. Потребни ни се 45 милиони евра до претседателските избори во Франција во 2017 година”.

Но, Валеран де Сен Жуст, сметководителиот на НФ, вели дека ништо не знае за повисоката сума но вели дека на партијата и се потребни помеѓу 35 и 40 милиони евра за изборите во 2017 година.

Во меѓувреме Ле Пен во средата на Твитер рече дека “Медиапарт се загуби. Сумите за кои зборува се нивна фантазија. НФ доби 9 милиони евра заем. И точка.”


Марин Ле Пен

Според Медиапарт Ле Пен лично во февруари тајно отпатувала во Русија за да го потпиште заемот. Таа му била претставена на Александер Бабаков, руски пратеник кој имал клучна улова за договорот помеѓу банката и НФ.

Според ЕУОбзервер, Бабаков се наоѓа на “црна листа” на ЕУ од септември бидејќи гласал за рускиот закон за припојување на Крим кон Русија. Тој има 51 година и има бизнис интереси со Украина, Франција и Чешка.

Според документите објавени од страна на рускиот активист за борба против корупцијата, Бабаков има недвижнини во Франција за 11 милиони евра.

Бабаков е близок со Жан-Лук Шафхаузер, европратеник на НФ, кој би посредник во преговорите за заемот. Во руската Дума изјавите за богатството на Бабаков е помали отоколку што тврди анти-корупционерот. А Шафхаузер во својата финансиска декларација во Европскиот парламент тврди дека е «меѓународен советник» но не споменува дека руската банка му платила сума од 140.000 евра за посредувањето со НФ. Тој тоа го изјавил за други француски медиуми велејќи дека банката му ја платила сумата преку фирма во Луксембург која тој одбил да ја именува.

За Медиапарт Шафхаузер изјави дека «ако има конфликт на интереси, Европскиот парламент е тој што треба да одлучи».

Но, врските на Кремлин со други европски екстремни партии постојат исто така. Германскиот таблоид Билд во понеделникот објави дека руските тајни служби ги финасираат евроскептиците од АфД партијата. Билд тврди дека информацијата доаѓа од германската разузнавачка служба.

Австриската левица СПО ја обвини екстремно десната партија ФПО дека исто така е финансирана со руски пари.


ФПО

АфД и ФПО ги демантираа овие информации но луѓето од овие две партии кои имаат врски со Кремлин беа видени неделава на настани во Берлин и Москва. Висок член на АфД присуствуваше на конгресот на пријателите на Русија во берлински хотел организиран од Владимир Јакунин кој се наоѓа на американскаѕа црна листа. Член на ФПО присуствувал на семинар во Москва посветен на кризата на доверба во Европа.


АфД

Во Унгарија и Латвија исто така се откри дека партиите Јобик и Latvijas Krievu savieniba добивале пари од Кремлин. Нема докази дека бугарската партија Атака се наоѓа на оваа листа на партии кои добиваат пари од Русија но претставници на оваа партија присуствуваа на про-рускиот конгрес во Виена во мај, заедно со НФ, ФПО и латвиската екстремна партија. Овие партии испратија европратеници-набљудувачи за да им дадат легитимитет на сепаратистичките гласови на Крим и во регинот на Доњецк во Украина. Набљудувачи испратија и екстрмните партии од Белгија и Италија (Вламс Беланг, Форза Италиа и Лега Норд). Набљудувачи имаше и од две леви партии од Германија и Грција – Ди Линке и ККЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.