Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гинекологија ќе бара смртноста да се смета над шестмесечна бременост

1
By Менче Атанасова Точи on April 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дел од  починатите бебиња родени меѓу 22 и 25 гестациска недела  биле извадени од утробата  со провокација заради одредени аномалии или заради лошата здравствена состојба и опасност по животот на мајката, а најголем дел од нив биле со инфекции кои ги имале родилките. Ова за НОВА го потврдија на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Од таму објаснуваат дека бебињата кои се раѓаат предвреме заради инфекција кај мајката брзо добиваат сепса, тие се со неразвиени органи, неотпорни  и најчесто завршуваат со смрт.  Станува збор за трудници од целата држава и од приватните и од државните болници кои во таква деликатна ситуација се праќаат на Гинекологија.

Од Клиниката за гинекологија најавија дека ќе бараат  од Здружението на гинеколози и од Министерството за здравство во иднина  при водењето на евиденција смртноста да се заведува од 25 гестациска недела бидејќи помалите тешко преживуваат.

„ Ќе го побараме ова од надлежните фактори бидејќи на овие простори како и во соседните земји процентот на преживување кај бебиња помали од 25 гестациска е екстремно мал. Тие се со неразвиени органи, може да имаат одредени аномалии, оштетен слух, вид“, изјави за НОВА Викторија Јовановска директорка на Клиниката за гинекологија.

Таа вели дека всушност поради ова се третира дека е толку голем процентот на смртност  на новороденчиња.

Јовановска сепак признава дека немаат услови бебињата кои се со инфекции да ги чуваат на 9 метри квадратни оддалеченост, како што налагаат светските стандарди, но потенцира дека немаат интерхоспитални инфекции.  На Гинекологија доаѓаат најкомплицирани случаи и никој не вратиле до сега, велат од таму.

Денеска на Гинекологија била делегација од Министерството за здравство на Бугарија, за да видат и да се договорат каде може да помогнат. Таму веќе две недели има и експерти од СЗО кои дале свои препораки и ги едуцирале лекарите за промена на начинот на пристап во некои сегменти. Сега тие лекари ќе одат во родилиштата во внатрешноста и ќе им ги пренесат препораките и на другите гинеколози.

“Тоа се главно препораки околу начинот на пресекување на папочната врвка, спонатните породувања да не бидат со провокација, со  притискање на стомакот на родилката и слично.  Ќе се прават нови протоколи, како и анализи за да се види каде и како се прават грешки“, изјави Јовановска, за НОВА.

На Клиниката за гинекологија голем проблем е малиот број на неонатолози кои се преморени од работа и од честите дежурства, велат од таму. Гинекологија наскоро ќе остане без уште еден лекар педијатар  бидејќи една лекарка веќе најавила дека ќе си оди во приватна болница.

Пред неколку дена излезе информација дека 35 новороденчиња починале во првите три месеци од оваа година, што за 2 проценти помалку од минатата година, но е сепак висок процент.  Немаше детална анализа за состојбата.

Од Министерството за здравство соопштија дека бебињата починале поради предвремено раѓање проследено со екстремно неразвиени органи и исклучително ниска родилна тежина и дека се преземаат итни мерки за справување со состојбата. Од таму информираа дека во првите три месеци од годинава на Клиниката за гинекологија биле родени вкупно 1.155 бебиња. Од нив 144 биле предвреме родени и биле третирани на одделот за интензивна нега, а 35 починале. 21 бебе биле меѓу 22 и 28 гестациска недела каде процентот на преживување е исклучително мал. Вкупно шест биле со инфекции од мајката и меѓу 29 и 31 и меѓу 32 и 36 гестациска недела(едно било со тешка аномалија) каде процентот на останување во живот е мал и само едно било родено на време, но имало непоправлива мана.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.