Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гир: Македонското законодавство итно да се усогласи со најновите ЕУ стандарди и легислативи за енергетска ефикасност

0
By Marija Todorovska on June 11, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 11, 2024 12:47

Северна Македонија изготви многу стратегии и документи, креираше и политики, но сега фокусот треба да се стави на имплементацијата. Земјата треба итно да го усогласи националното законодавство со најновите ЕУ стандарди и легислативи за обновливи извори и енергетска ефикасност за да држи чекор со равојните трендови на Унијата. Ќе мора и да ги воспостави неопходните механизми за да биде дел од шемата за размена на енергија на ЕУ во иднина, рече денеска евроамбасадорот Дејвид Гир.

Во обраќањето на 7. Македонски енергетски форум (МЕФ), Гир потенцира дека производството во Северна Македонија во голема мера зависи од увозот на фосилни горива – гас, јаглен, нафтени деривати, кои се подложни на флуктуации на цените, како и на можни прекини во снабдувањето. Според него, кризата покажа дека е добро да се има функционален и добро поврзан енергетски пазар кој ќе понуди висококвалитетни услуги, безбедност и сигурност при снабдувањето, но и достапни цени, а тоа значи дека мора многу да се инвестира.

Гир порача дека зелената транзиција бара паметни решенија. Процесот, рече, не е ниту лесен, ниту брз и притоа е многу важно транзицијата од фосилни горива во зелена енергија да се случува на правичен начин. Ќе мора, укажа, сите што работат во енергетиката да минат низ нови обуки и да совладаат нови вештини.

– Се што спомнав сега, мора да биде вклучено во долгиот список работи кои треба да се завршат. Гледајќи напред, треба да се надградуваме на постојните можности. Северна Македонија има многу природни ресурси, ветер, вода, сонце и има огромен потенцијал да ги негува како овие обновливи извори. Да се види дека секоја година има се поголема нивна примена, е одлично. Неопходна е ефективна координација меѓу институциите и сите релевантни засегнати страни, поддржани од човечки и финансиски ресурси. Знам дека ова ќе биде голем предизвик за новата влада. Многу ќе биде важно итно да се усогласи националното законодавство со најновите ЕУ стандарди и европската легислатива за обновливи извори и енергетска ефиканост за да се држи чекор со развојните трендови на ЕУ, подвлече евроамбасадорот.

Зависноста од фосилни горива доведе делови од секторот да се трансформираат од најголеми загадувачи во „зелени“ емисии, но тука, напомена Гир, не се зема предвид загадувањето од РЕК Битола и Осломеј.

-ЕУ е тука за да ја поддржи Северна Македонија. Енергетска транзиција е нужна секаде во регионот, потребно е и реобмислување на мрежата во насока на поголемо складирање и воспоставување погон на обновилив извори, дополни Гир.

Тој се осврна на Директивата за обновливи извори на енергија, потсетувајќи дека целта е зголемување на уделот на обновливата енергија во вкупната енергетска потрошувачка на ЕУ на 42,5 отсто до 2030 година, со можност за дополнител раст за уште 2,5 процентни поени до нивото од 45 проценти. Директовата предвидува и секоја година три отсто од јавните згради да бидат реновирани согласно енергетската ефикасност, како и сите нови згради од 2030 година натаму да произведуваат нула емисии на штетни гасови.

-Четириесет отсто од европската мрежа за снабдување со енергија се стари преку 40-50 години и се околу централно поставени електрани, зависиме многу од фосилни горива, неопходно е реобмислување на финансиите за тоа како ќе се снабдуваат не само малите и средните претпријатија, туку и домаќинствата. Неопходна е индустриска трансформација за зелена иднина која, пак, ќе ја направи економијата поконкурентна, потенцира Гир.

гир законодавство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.