Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гир: Помалку употреба на европското знаме, но и блокади на законите во Собранието

0
By НОВА ТВ Balaban on March 15, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Треба да се осигурaме дека земјата е целосно подготвена за членство за сите да можат целосно да ги уживаат бенефитите од членството кога државата ќе стане членка, порачува амбасадорот Дејвид Гир. 

Шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, вели дека е загрижен од растечката политичка поларизација, особено во Собранието, поради што им порачува на „различните политички групи да седнат и да кажат – да, не се согласуваме за многу нешта, но се согласуваме за државните интереси, се согласуваме за ЕУ-агендата и за тоа дека сакаме да напредуваме“.

– Тоа значи дека ќе има помалку употреба на европското знаме за да се скрати дебатата, но и дека законските решенија нема да бидат блокирани само зашто може да бидат блокирани, вели Дејвид Гир во интервју за „360 степени“

Амбасадорот на ЕУ во земјава е охрабрен од новата динамика во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, но вели дека не сака да влезе во „игра на датуми“ за тоа кога би се случила деблокада на пристапниот процес на земјава.

– Она што го гледаме во изминатите месеци, од јануари наваму, е нова динамика во односите. Има работни групи, интензивирање на контактите што е многу охрабрувачки. Ова е добро, ова е позитивно, сакаме тоа да продолжи, да се одржи „моментот“ за овие прашања да се надминат и потоа да се отворат пристапните преговори, што е можно побрзо, вели евроамбасадорот.

Тој  го пофали раководството на земјава за, како што вели, јасниот и недвосмислен став во изразената солидарност со Украина и со нејзиниот народ, притоа демонстрирајќи не само посветеност на насоките на ЕУ и поставувајќи се на иста линија со санкциите на ЕУ, туку и правејќи многу јасен морален избор. Посочува при тоа дека настаните во Украина уште еднаш покажале што значи европската перспектива, која вели, нуди најдобра надеж за сите нас, за демократска иднина, за побезбедна, постабилна и попросперитетна иднина.

– Секако, има чувство на итност за тоа, зашто гледаме драматични настани во Украина. Но, таа итност не мислам дека ја менува основната методологија поврзана со пристапниот процес, а тоа е реформата. Темпото на самите реформи е за подготвување на оваа земја и другите држави кандидатки за членство во ЕУ. Тоа значи дека треба да се осигураме дека има систем на владеење на правото, систем кој спречува корупција, бизниси кои имаат можност да се натпреваруваат во единствен пазар од 450 милиони консументи кој е многу натпреварувачки пазар, дека луѓето може да се натпреваруваат на пазарот на трудот со вистински вештини и работни позиции. Тоа значи подготвување за членство и затоа не гледам скусување на процесот за спроведување реформи, зашто тоа не е во ничиј интерес и треба да се осигурaме дека земјата е целосно подготвена за членство за сите да можат целосно да ги уживаат бенефитите од членството кога државата ќе стане членка, порачува амбасадорот Дејвид Гир. 

Дејвид Гир загрижен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.