Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гир: Преку државните институции да се бориме со корупцијата

0
By Ана Василевска on December 9, 2022 НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО
Дејвид Гир
Дејвид Гир
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Оваа земја е на крстопат – мора да избере дали ќе се движи напред, одлучно да се справува со корупцијата или ќе дозволи шемите на корупција да се вкоренуваат уште повеќе“, рече денеска евроамбасадорот Дејвид Гир на прес-конференција пред состанокот со институциите кои имаат надлежност за справување со корупцијата, на кој ќе се разгледаат забелешките од Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија подготвен од Европската комисија.

Според Гир, прво и најважно е да се бориме со корупцијата преку државните институции. Тие, како што вели, мора да дејствуваат и да го намалат просторот за корупција.

„Тоа значи преку закони и кодекси на однесување, тоа значи стимулации за промоција на услугите и сериозни санкции за коруптивното однесување. Тоа значи спроведување. Тоа значи, кога некој незаконски ќе заземе некое земјиште и ќе гради обвинителството мора да дејствува, а судовите да реагираат брзо без разлика кој е тој човек и колку и да е влијателен, колку и да е поврзан“, нагласи Гир.

Борбата против корупцијата, нагласи тој, е да се создаде средина што ќе биде непријателски настроена кон лошите навики поврзани со коруптивното однесување.

„Се работи за зацврстување на клучните системи за интегритет преку реформи на системите за набавка и финансиско управување во државата. Поголема транспарентност и развој на капацитетите на државните институции за ревизии и антикорупција. Се работи за партнерство со бизнисите, како и партнерство со слободните и професионални медиуми кои ќе ги следат највисоките стандарди кои ќе бидат ослободени од закани, навреди или поткуп во каква било форма“, рече Гир.

Евроамбасадорот на прес-конференцијата ја нагласи важноста на напорите за борба против корупцијата.

„Ова е предизвик во секоја земја. Во секоја земја напорите за борба против корупцијата постојано се обновуваат и приспособуваат на новите предизвици и можности со коишто се соочуваат нашите општества без разлика дали е тоа дигитална или зелена револуција, дали е тоа глобална пандемија, глобална енергетска транзиција или, пак, влијанието на руската војна против Украина“, посочи Гир.

Проблемот, нагласува Гир, е огромен, но, како што кажа, има и напредок во изминативе години.

„Извештајот за напредок од октомври покажа дека државата задржа еден добар чекор во борбата со корупцијата. Некои институции покажаа одлучност да се справат со корупцијата. Граѓанското општество продолжува да игра улога буквално како чувар кој наметнува одговорност на јавните институции и на функционерите. И бизнисот може да игра битна улога како и медиумите коишто секогаш играат клучна улога. И тука не мислам на повторувањето на сензационални обвинувања, мислам особено на мачното исражувачко новинарство што го спроведоа неколкумина новинари во земјава и кои расветлија коруптивни и криминални однесувања и структури. И тие треба да бидат пофалени за тоа“, заклучи Гир.

Всушност, додаде Гир, „во интерес е на оние кои имаат полза од корупцијата да ве тераат да мислите дека работите не можат да се применат, дека сите политичари, сите институции, сите судии, сите обвинители, целата полиција сите се корумпирани“.

„Да ве натераат да мислите дека е тоа природен тек на нештата и затоа дека е на некој начин прифатливо. Но, не е. И го немаме тој луксуз да размислуваме така ниту тука, ниту во ЕУ,“ потенцира Гир.

Антикорупција Дејвид Гир Европска комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.