Новак Ѓоковиќ истакна дека од соработката со Борис Бекер очекува подобри психички подготовки но и подобрување на сервисот.
Ѓоковиќ минатиот месец како главен тренер го ангажираше Борис Бекер, освојувачот на шест гренд-слем турнири.
„Драго ми е и почестен сум што Борис е главен тренер во нашиот тим. Се надевам дека ќе ми помогне да стекнам психичка предност, затоа што тој знае во какви се ситуации се наоѓаат најдобрите играчи, особено во текот на гренд-слем турнирите, и како треба да се носиме со притисокот и очекувањата во неизвесните завршници“, изјави Ноле.
Тој надополнува дека ќе работат уште на неколку елементи од неговата игра, а акцент ќе стават на сервисот.
На претстојниот Австралија Оупен кој започнува во понеделник, Новак ќе се обиде да стигне до неговата четврта по ред титула во Мелбурн, а вкупно петта.