Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гласање на дијаспората: Демократско право или изборна кражба?

1
By Нова ТВ on July 28, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 28, 2015 16:12

Дали дијаспората треба да гласа на изборите во Mакедонија или не? Аналитичарите кои ги консултираше НОВА, сметаат дека нашите иселеници гласаат непропорционално и нивното право на глас треба да се суспендира, додека за други пак, правото на глас не треба да се одзема на никој.

Гласањето на дијаспората е најавена како прва точка на дневен ред од состанокот на работната група на четирите политички партии сo посредникот на Европската унија Питер Ван Хојт, закажан за денеска попладне.

Работните групи на партиите по договорот од Пржино, расправаат околку два аспекти на гласањето на дијаспората: еднаквоста на гласот во Македонија и оној во дијаспората и вториот околу рационалноста на финансиските средства вложени во овој процес.

Според универзитетскиот професор Мерсел Биљали, пратеник од дијаспората избран со многу помалку гласови отколку пратеник во Македонија, нема кредибилитет за да ја извршува таа функција.

– Мислам дека објективно нелогично е да се вклучува дијаспората. Условите се тука поинакви, не е можно технички да се одржат транспарентни избори. Нема кредибилитет пратеник избран со 500-600 гласови да одлучува за што било, смета Биљали.

Според првиот човек на „Цивил“, невладина која е дел од набљудувачкиот тим на состаноците на работните групи, гласањето на дијаспората би требало да се суспендира.

– Не може да се избират пратеници од дијаспората во една крајно сомнителна процедура, затоа што организирањето на изборите за дијаспората е најлесната кражба, воедно и дискриминаторска. Зошто гласот на дијаспората да е поважен? Во услови во кои се наоѓа македонската демократија, тоа гласање треба веднаш да се суспендира, вели Џабир Дерала.

Мане Јаковлески, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и активист во дијаспората кој живееел 33 години во Берлин, силно се спротивставува на идејата да се укине правото на глас на луѓе кои, според него инвестираат во земјава.

– Најглупаво нешто што може да се случи е да се одземе правото на глас на дијаспората. Ако дијаспората има право да инвестира во Македонија, да ги вложи своите тешко заработени пари, најглупаво ќе биде да се укине нејзино гласање. Секој почеток е тежок, може да се измени начинот на гласање, пример може да се направи дијаспората да не мора да гласа во конзуларните преставништва, туку да може по електронски пат да се одвива гласањето, но во никој случај не и да се одземе правото тие да гласааат, смета Јаковлески.

На вчерашниот работен состанок на партиите, ова прашање било едно од најспорните. Како што објавија медиумите, владејачката партија инсистирала гласањето надвор од земјaта да продолжи, додека опозицијата смета дека гласањето на дијаспората треба да се укине или пак доколку се бира пратеник од дијаспората, тој да добие најмалку 80 отсто од гласовите потребни за пратеник во Македонија.

Тоа значи дека доколку за избор на пратеник во земјава потребни се најмалку 10 илјади гласови, за пратеник од дијаспората да биде правило да освои најмалку 8 000 гласови.

Гласањето во дијаспората го сметаат за нерамноправно и од ДУИ.

-Сведоци сме на неправилностите и нерамноправноста на гласовите на трите изборни единици на дијаспората. Затоа цениме дека овие три единици, 7,8,9 кои бират три пратеници од дијаспората треба да се повлечат од изборен законик или дијаспората да гласа во 6-те единици кои се во земјава, вели Артан Груби, пратеник од ДУИ.

Против суспендирањето на гласовите на нашите иселеници е Обединетата македонска дијаспора (ОМД), која смета дека не се почитува придонесот на овие луѓе кон Македонија.

– За нас, предлогот за одземање или дополнително отежнување на правото на глас на дијаспората претставува несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување кон оние кои имаат континуиран и огромен придонес за економскиот развој на Република Македонија, како и за добивање меѓународна поддршка околу пристапот на државата во евроатлантските институции како НАТО и ЕУ, се вели во соопштението на ОМД.

Дијаспората за прв пат гласаше на претседателските избори минатата година. Гласаа државјаните на Република Македонија кои се на привремен престој во странство повеќе од 3 месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од 1 година.

Како што претходно објави НОВА на последните избори одржани минатата година во Изборната единица број 9 која ја опфаќа дијаспората од Австралија и Азија во која има околу 200.000 Македонци избран е пратеник со само 800 гласа или десет пати помалку од бројот на гласови кои му биле потребни на кандидат за пратеник да биде избран во некоја од шесте изборни единици во Македонија при што е нарушен еден од базичните принципи за еднаквост на гласот дефиниран во препораките на Венецијанската комисија.

На последниот изборен циклус за организација на гласањето на дијаспората при што во сите три изборни единици кои ги опфаќаат Македонците надвор од Македонија гласале вкупно околу 7 000 гласачи а за тој процес биле вложени 1,1 милион евра или 25 % од вкупните трошоци за организација на изборниот процес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.