Главниот истражител во случајот со авионската несреќа во која загинаа претседателот Tрајковски и членовите на делегацијата, Омер Кулиќ е во земјава.

Тој утре ќе одржи прес конференција на која ќе ја запознае македонската јавност за почетoкот и текот на повторно отворената истрага и ќе го претстави македонските експерти, кои се дел од 15-члениот меѓународен тим кој ќе истражува како паднал Кингерот со претседателот, јави телевизијата Канал 5.