Корупцијата е долго време со нас.  Дури се смета дека на падот  на  Римската  империја му претходеле бројни големи корупциски афери врзани со надлежните кои си ги полнеле џебовите со пари додека Римското  царство  осиромашувало. А сето ова се зборува пред повеќе  од 1,000 години.

Сторијата е преведена од Паблик Радио Интернешнл-Бостон

А  што е со 21 век? Настрана што гледаме  како бизнис империјата на претседателот Доналд  Трамп продолжува да расте, како се олеснуваат правилата за  лобистите кои можат да имаат непречен пристап до владата туркајќи ги интересите на оние  кои  можат да платат, како се руши транспарентноста со потези како оној кога престанаа да се  објавуваат логовите од  Белата куќа за сите средби  на претседателот, значи корупција насекаде. А таа е убиствена, особено за демократијата и глобалната економија.

Станува се поизвесно дека ќе следууваат немирте, екстремизам, масовни мигарции. И сето ова затоа што  богатите стануваат побогати, а сиромашните посиромашни.

Се губат десет пати  повеќе пари  во корупција во земјите во развој отколку што се дава странска помош, вели Марк Волф, постар  судија во Окружниот суд во Бостон и претседател на организацијата „Иницијативи за интернационален интегритет“.

„Токму последиците од корупцијата се оние кои креираат пат за терористите. Постои апсолутна врска помеѓу владите кои се корумпирани до највисоките нивоа и оние влади кои ги злоупотребуваат човековите права на свооите граѓани. Сумата на пари која секоја година исчезнува, е украдена во корупција може да ги прехрани сите гладни на светот 80 пати“, вели тој.

Судијата Марк Волф

Но судијата Волф има идеја која е поддржана од Иницијативите за интернационален интерес, а е оценета како надежна иницијатива од страна на Human Rights Watch, Global Witness  и Transparency International: тоа е идјејата да се формира Меѓународен Суд за корупција, по примерот на Судот за воени злосторства.

„Судот ќе биде фокусиран на престапници на она што се нарекува висока корупција, лидерите на држави кои редовно ги злоупотребуваат ресурсите на своите земји и перат пари низ светот“, вели Волф.

Но трикот е во тоа што државите ќе треба да ја признаат јурисдикцијата, односно надлежноста на овој Суд. А оние лидери кои се корумпирани и кои ги имаат заробено медиумите, судовите и граѓанското општество и кои кројат закони по сопствена желба – е токму тие ќе бидат најголем предизвик за да се оствари оваа хумана идеја.

Волф вели дека кога станува збор за воени злосторства тоа не е баш исто и било  полесно да се убедат државиите затоа што прекршителите би одговарале за нешта што ги направиле откако дошле на власт, а на пред. Една од опциите кои можат да го туркаат тој процес и можноста корумпираните јавно да бидат изложувани во медиумите.

Во време кога многу држави станале жртви на заробените држави, кога многу демократии се под закана на оние на власт и кои повеќе се грижат за личниот ќар отколку за интересите на граѓаните на кои треба да им служат, тогаш доброто истражувачко новинарство е единственото кое може да спречи овој век во историјата да не биде обележанн како клептократски.

Престижната Пулицерова награда за истражувачко новинарство годинава му припадна на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство каде што повеќе од 400 новинари работеа со Меклачи и Мајами Хералд да изложат  корупција преку 11, 5 милиони документи кои изложија светска корупција и криминал скриена во офшор државите.

Работата е во тоа што на граѓаните навистина им треба истражувачкото новинарство. Луѓето  мора да одговараат, вели Дру Саливан, основач на Мрежата за известување  за  организиран криминаl и корупција (OCCRP) коишто оваа година ја делат Пулицеровата награда за Панама  Пејперс и во чијашто  мрежа работаат истражувачки новинари во повеќе од 30 држави.

„Но, постои вистинска опасност. Во моментов во критичен момент од историјата. И со пропагандата која постои надвор и лажните или полувистинините информации, на јавноста и треба  информација врз основа ана којашто ќе може да носи одлуки. Видовме што се случи во САД и во други места на светот кога луѓето немаат точни информации. Тогаш се прават лоши одлуки. Се случуваат лоши работи“, вели Саливан.

Дру Саливан, основач и уредник во OCCRP

Тој верува дека мора да се изнајдат модели за стабилно финансирање на истражувачкото новинарство кое нема да претставува компромитирање.

 „Во оваа околина доброто и квалитетно новинарство кое што ќе ја изложи корупцијата и ќе ги повикува на одговорност моќните во име на  заедничкото добро на граѓаните, треба да биде негувано како национален парк и чијшто топ приоритет ќе биде сочувување и заштита на демократијата, вели Саливан и додава дека токму ова е причината поради којашто сите автократи и клептомани штом дојдат на власт, прво ги напаѓаат медиумите. Или ги присвојуваат или ги уништуваат.

Тоа се прави на многу различни начини, раскажува Саливан. Прво ги критикуваат медиумиите, ги поткопуваат. Потоа користат легални начини да ги затворат. Или трето, ги купуваат со мито или закани. Дру Саливан објаснува дека со своето искуство во балканските и источноевропските и начинот на кој тие функционираат, ги доживеал со сериозна грижа изјавите на Трамп во кои што ги напаѓа сите медиуми кои го критикуваат.

„Значи ги заробувате медиумите. Потоа ги користите истите да ги уништите вашите непријатели и да ја консолидирате моќта во владата. Потоа ги елиминирате сите технократски умови во сите поголеми агенции и институции. Потоа на чело на нив ставате луѓе кои се отворени антагонистички кон работата на овие институции. Така елиминирате институции кои се проблем за вас. Ставате ваши лични пријатели на чело на разузнавачките и тајните агенции, во судовите и потоа со голема леснотија се ослободувате од сите кои ќе кажат било што против вас“ раскажува Саливан.

„А потоа го напаѓате граѓанското општество, почнувате нив да ги истражувате. Активистите се уништуваат на многу злобен начин, често и со затвори, им креирате криминалнии досиеја. Потоа тргате по големите бизниси на истиот начин. Им велите „ти ќе работиш за мене, а ако не работиш за мене ќе бидеш под истрага и ќе почнеш да губиш тендери и договори“, А потоа парите ги преместувате кај оние луѓе кои вам ви се најлојални“, вели тој.

 

„И така завршувате како Русија каде што бизнисот работи за вас, војската работи за вас, политиката, полицијата, медииумте и организираниот криминал работи за вас. И со сите овие алатки на располагање можете да тргнете од патот секој кој ќе ви засмета…А ако навиистина, навистина имате потреба, тогаш лесно може да креирате и терористички напад или да нападнете некој сосед. Затоа што патриотизмот се уште е ефективна алатка за контрола на луѓето. И многу ефективна алатка за уништување на демократиите во многу држави низ светот.

Да се препознае овоој патерн во своите рани фази е навистина важно за да преживее демократијата. Доброто истражувачко новинарство можеби не може веднаш да ги симне од власт клептократите, но и тоа се случувало. Нашата задача е да им се помогне на граѓаните да разберат дека оние на власт се  богатат со злоупотреба на нивните позиции, а доколку тоа го правиме ние новинарите, тогаш го намалуваме времето во кое што овие луѓе тоа можат да го прават, ова се гледиштата на луѓето во OCCRP.

Да се посочат и посрамат, тоа не делува бидејќи тие немаат срам, вели Саливан. Ние тоа го нарекуваме hack and track. Инфилтрирај се и следи ги. Користиме огромни бази на податоци. Го користиме истражувачкото новинарство и ги следиме секаде каде што одат и покажуваме точно во секое време што точно прават.

„Ова може да предизвика луѓето кои се избрани, а се популистички лидери кои се грижат само за своите потреби, да препознаат и да вратат. „Кога тогаш таквите системи се распаѓаат. Не се стабилни. Обично траат од 20 до 30 години. Но со добро истражувачко новинарство може да се редуцираат на 5 или 10 години“, вели Саливан.

Секако, клепотократите не сакаат да бидат покажувани што прават во јавност. Саливан раскажува како тој  и новинариите и медиумите во нивната мрежа се нарекуваат агенти на ЦИА, криминалци, се  напаѓаат нивните личности, углед и достоинство.

 

„Бизнисот станува комплексен и владите, исто така. Надвор од САД, а на некои места и внатре во САД, економијата поминува низ офшор светот. Ако ја погледнете Кина или Бразил или Мексико, тие сите користат офшори. Штом еднаш ќе влезете во глобалниот економски свет, таму е Див Запад. Можете да правите што сакате и мала е веројатноста дека ќе бидете фатени освен ако добро организирани прекугранични новинарски мрежи не се зафатат да работат и да ве истражуваат“.