Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Глувонемото десетгодишно дете е жртва на институционален хаос

0
By Нова ТВ on June 26, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 26, 2014 15:05

Автори: Славица Филиповска и Томе Христов

Народниот правобранител Иџет Мемети вчера ја информираше јавноста дека во Заводот за лица со телесен инвалидитет Бања Банско, е регистриран случај на тортура врз десетгодишно глувонемо дете.

Но, Мемети за овој случај јавноста ја информираше дури по осум месеци по регистрирањето на случајот од страна на службите на канцеларијата на Народниот правобранител.

Тој за НОВА потврди дека осум месеци е запознаен со случајот но, потенцира дека негова обврска е тоа да го презентира во годишниот извештај.

„Точно е дека за случајот знам уште од ноември бидејќи тогаш имавме посета на Центарот. Пропустот е направен при сместувањето на детето и за тоа јас преку посебен извештај го известив надлежното министерство. Тоа е закон, тоа е процедура, јас не можев порано да зборувам, затоа тоа што имав да кажам за случајот кажав со објавувањето на годишниот извештај. “ вели Мемети за НОВА.

НОВА се обрати до Заводот за лица со телесен инвалидитет Бања Банско со барање надлежните во оваа установа да го објаснат ваквиот начин на однесување кон еден од нивните штитеници. Тие ја негираат информацијата дека детето било врзано со јаже.

„Поради недостиг на персонал, во случај кога нема дежурна екипа заради негови безбедносни причини беше врзанo со завој. Неколку пати досега сме го затекнувале надвор од центарот, на улица и во најблиските ниви, а детето е глувонемо“, велат вработени од Бања Банско.

По објавувањето на годишниот извештај на Омбудсманот, се огласи и Министерството за труд и социјала. Оттаму велат дека случајот ќе се разгледа допрва и инспекцијата ќе го разгледа проблемот.

„Министерството за труд и социјална политика ќе ги преземе сите законски мерки и надлежности со цел да се утврди одговорноста за ваквиот случај при што секое несоодветно, непрофесионално, неетичко и спротивно на закон постапување ќе биде соодветно санкционирано согласно закон“, се вели во соопштението.

Директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска вели дека надлежните институции не смеат да си дозволат случајот да помине само со инспекциски надзор. Според неа, тоа е кривично дело и мора да се бара кривична одговорност.

Министерството за труд и социјала одбива да даде одговори

Десетгодишното дете со оштетен слух и говор од Битола, во Јавната установа за рехабилитација „Бања Банско“, било сместено пред две години, со Решение на Центарот за социјални работи од Битола.

Од Бања Банско велат дека во решението кое стигнало до нив било наведено дека детето има церебрална парализа и дека ќе треба да го сместат на два месеца.

Наместо два месеца, детето речиси две години престојувало во Банско, а на 10. април годинава решиле да го префрлат во Јавната установа „Топанско Поле“ во Скопје.

Од јавната установа во Бања Банско , велат дека не е точна информацијата дека детето е со церебрална парализа, како што било наведено во Решението. Напротив, тоа било хиперактивно. Тие додаваат дека побарале детето да биде сместено во соодветна институција.

– Неколку пати со дописи и барања се обративме до Министерството за труд и социјална политика и укаживме дека детето треба да биде сместен во друга соодветна институција. Одговор не добивме, се до април годинава кога детето го префрлија, велат од „Бања Банско“.

Зошто на глувонемото дете му е утврдена церебрална парализа и зошто престојува цели две години, а претходно било кажано дека ќе биде привремено само два месеци, побаравме одговор од МСЦР во Битола. Директорката Виолета Гаџовска, за НОВА вели дека за тоа треба да се обратиме во Министерството за труд и социјална политика.

-Обратете се до портпаролот, од мене не можете да добиете никаква информација за овој случај. Дијагнозата ја дава Комисијата, обратете се кај нив, не се обидувајте од мене да извлечете информација, рече Гаџовска.

Како што ни сугерираше Гаџовска, побаравме информација од Министерството за труд и социјална политика, зошто и кој на глувонемото дете му ја напишал непостоечката дијагноза. Портпаролот на ова министерство одби да ни одговори како и зошто е издадена погрешната дијагноза за десетгодишното глувонемо дете.

Од Заводот за лица со телесен инвалидитет Бања Банско предупредија дека има уште тројца штитеници кои веќе со години престојуваат кај нив, а не се за таму.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.