Македонски државјанин на возраст од околу 30 години се обидел да се самоубие вчера во бегалски камп во Рејкјавик, Исланд, јави „Албеу“.
Овој 30 годишен Албанец од Скопје се самозапалил, бидејќи исландските власти сакале да го вратат во Македонија, откако негово барање за азил било одбиено, тврдат други Албанци кои се во истиот бегалски камп. При обидот да се самоубие, младиот човек се здобил со сериозни изгореници.
Бројот на баратели на азил во Исланд годинава достигна 1.000, што е три пати повеќе во однос на минатата година и голем дел од нив се од Македонија. Најмногу од нив доаѓаат од Будимпешта во среда и во недела, кога има летови.
Во ноември, дури 73 отсто од барателите на азил биле од Македонија.