Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Го ширел вирусот синот, но и таткото – заразил медицинска сестра од Домашна посета

0
By Менче Атанасова Точи on April 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 4, 2020 19:00

Лицето се јавило на 194  и побарало да му биде ставена ампуларна терапија и инфузија, но кога го прашале, не кажал дека очекува резултати за КОВИД-19, дали има сомнителен или заболен член семејството или имал контакт со луѓе од странство. Тоа го кажал дури кога сестрата му ја ставала инјенкција. Неговиот син Ф.К доби кривична пријава за непочитување на самоизолација и ширење на вирусот

Медицинската сестра од Домашна посета била заразена со коронавирус од лице кое во Итната медицинска помош побарало да му биде ставена ампуларна терапија и инфузија, но кога бил прашуван по телефон, не кажал дека очекува резулати за КОВИД-19, дали имал контакт со луѓе од странство, ниту дали има сомнителен или заболен член семејството. Настанот се случил пред 15 дена, а станува збор, за лице од потесното семејство на Ф.К кој доби кривична пријава затоа што не се придржуваше на мерките за самоизолација и при тоа заразил многу луѓе, вклучително и членовите на неговото семејство.

„Лицето се јавило на 194 и побарало да му се даде ампула „Лендацин“ и физиолошки раствор. Од страна на диспечерот бил прашан дали имал контакти со лице кое има сиптоми или е заразено или пак со лица од странство, но не дал таков податок. Тогаш повикот бил пренасочен на службата за Домашна посета. Кога екипата дошла во неговиот дом тој и сопругата биле со маски и дури на сред аплицирање со инјекцијата кажал дека за два часа очекува резултат од тестот. Мединската сестра, лекарот и возачот кои биле присутни таму, останале во шок“, изјави за НОВА , Милица Бубало раководител на Итната медицинска помош.

Таа објасни дека веднаш кога се вратиле и објасниле што се случило биле ставени во изолација и им бил направен тест. Првиот тест кај медицинската сестра како и кај другите двајца бил негативен. Вториот тест кој е направен по 14 дена се покажал позитивен кај медицинската сестра и таа останува и понатаму во самоизолација. Да знаеле каде одат, да бил искрен, екипата ќе отишла комплетно опремена како за случаи со КОВИД-19, велат во Итната медицинска помош.

„Секој разговор се снима кога се јавуваат пациентите, така што се си стои документирано во системот доколку за тоа има потреба да  се потврди“, рече Бубало.

Пред неколку дена , Славјанка Петровска, заминк министер во МВР изјави дека лицето Ф.К влегло во земјата на 8 март, две минути по полноќ, на граничниот премин Табановце. Требало да биде во 14 дневна самоизолација, за што потпишал и документ, но тој тоа не го сторил и при тоа имал континуирани средби со најблиските, со родителите, со пријателката, но и со вработените во фирмата при што го ширел вирусот и заразил многу лица. Кога бил откриен во полициска станица Карпош дал лажен исказ, дека не патувал надвор од земјата.

„Грешката е во свеста на луѓето, не треба да се крие ништо, треба да се кажува вистината“, вели Бубало.

Таа вели дека интервенираат и во случаи на заболени со КОВИД-19 кои се на домашно лекување и тоа го прават во координација со епидемиолози или инфектолози, организирано. Заради тоа, а и заради сериозноста со состојбата со вирусот пред службата за Итна медицинска помош е поставен шатор во кој кога се враќаат медицинските екипи се соблекува заштитната опрема, таа што е за повеќе употреби се дезинфицира, а за еднократна употреба се фрла.

Во Здравствениот дом во Скопје, покрај медицинската сестра од службата за Домашна посета, заразен е и возач од Итната медицинска помош за кој не се знае како станал позитивен на вирусот, телефонистка во Поликлиника “Чаир“, како и уште една медицинска сестра од Поликлиниката во Ченто. Сите се во домашна изолација.

„Возачот е позитивен и е во изолација од вчера, контактирани се неколку лица со кои бил во контакт и тие се во самоизолација. Телефонистката не знаеме како го добила вирусот, таа работи зад стаклен зид, а во изолација се ставени и двајца од обезбедувањето и другата телефонистка. Медицинската сестра од Поликлиниката во Ченто не знаеме како се заразила, излорана е и другата медицинска сестра што работи таму“, изјави за НОВА Виктор Исјановски директор на Здравствениот дом во Скопје.

Тој нагласи дека е извршена дезинфекција секаде, на три места пред поликлиниките и Итната медицинска помош се поставени апарати за дезинфекција.

Одлучено е вработените во Домашна посета покрај останатата заштитна опрема да носат и скафандери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.