Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

0
By Zoran Ivanov on August 16, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 16, 2025 19:20

 Благодарејќи на визијата на нашите државници од деведесеттите години, кои знаеја да ја проценат сложената геополитичка состојба во Европа и светот, и во 1991 година се одлучија за формирање на независна, самостојна и суверена држава, со формирање на своја армија со која се заокружија суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на нашата држава, вели во интервјуто за Нова тв, а по повод 18-ти август Денот на македонската армија, првиот министер за одбрана на независна Македонија проф. д-р Трајан Гоцевски.

Денес имаме армија како доверлив партнер со висок професионализам и посветеност на своите задачи и мисии. Рамо до рамо со армиите од евроатлантската безбедносна зона, македонската армија придонесува за мирот и стабилноста во зоната на одговорност на НАТО, притоа будно штитејќи ги суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на нашата татковина – Република Северна Македонија. Истовремено, им помага и на државата и на граѓаните, кога им е најтешко, при поплави, пожари, бегалска криза, пандемии. Затоа сите треба да се гордееме со македонската армија. Поминавме и бурни и мирни периоди за денес Армијата да биде институција со најголема доверба кај граѓаните.

Патот не беше лесен. Зад нас имаме солидно над тридецениско искуство како независна и суверена држава со своја армија. Армијата на 27 март 1992 година ја презеде контролата врз целата државна територија, а на 27 март 2020 година стана членка на НАТО. На овие важни датуми им претходеа клучни процеси и настани со стратегиско значење за нашата национална безбедност, како: разговорите во Белград за идна југо заедница, шесте средби на претседателите на тогашните југословенски републики, референдумот за независност на 8. септември 1991 година, првиот устав од 17 ноември 1991 година, Законот за одбрана од 14. февруари 1992 година, договорот за дислокација на ЈНА од Македонија од 21 февруари 1992 година.

Во тие бурни времиња, Македонија мораше да го заокружи политичкото, одбранбено и военото осамостојување, вели проф. Гоцевски.

Интервју со првиот министер за одбрана на независна Македонија проф. д-р Трајан Гоцевски, а по повод 18-ти август Денот на македоската армија, Веб порталот „НОВА тв“ интегрално ќе го емитува во својот утрешен број.

АРСМ Вест интервју озновање Трајан Гоцевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.