Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Годинава Ѓурѓовден се поклопи со втор ден Велигден

0
By Нова ТВ on May 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 5, 2013 22:34

Секој празник мора да се помести ако падне на Велики петок, Велика сабота или прв ден Велигден.

Според теолозите, правилото важи и за празникот Ѓурѓовден, големата христијанска прослава, која исто така може да се падне на Велики петок, Велика сабота или прв ден Велигден и во тој случај се поместува празникот и се слави друг ден. Но оваа година тоа не е случај иако е возможно да се случи во годините кога Велигден се слави во мај, како што е годинава.

Ѓурѓовден, се слави на 6 мај, се вбројува меѓу поголемите пролетни празници што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.

Во предвечерјето на празникот започнаа подговотвките за прославата, дел од православните христијани се собираат околу манастирите и храмовите кои го носат името на Св.Ѓорѓи, каде се подготвува богата трпеза со јагнешко месо и колачи со суво грозје.

Во валандовското село Чаликли на Ѓурѓовден се одржува Меѓународен фестивал на пролетни веселби. Илјадниците гости на фестивалот, имаа можност да уживаат во прекрасната интерпретација на играорните групи од Македонија, Грција, Бугарија и Турција.

Според етнолозите, во очи Ѓурѓовден се палеле обредни огнови од страна на неженети момчињата, прославата е пропратена со песни и игри, а рано наутро се продолжувало со берење цвеќиња и нивно плетење. Венците луѓето ги носеле врз главата или околу половината, а венци им се ставали и на добитокот. Постарите ги удирале симболично децата и младите со дрен или коприва за здравје.

Според житието Св. Ѓорѓи во Палестина го минал детството посетувајќи ги местата во кои Исус го проповедал своето учење. Кога императорот Диоклецијан започнал жестоки прогони против христијаните Св. Георгиј му се спротивставил, ги зел во заштита неправедно прогонетите и самиот признал дека верува во Господ Исус Христос. Тоа го разбеснило императорот кој наредил веднаш да биде затворен и да биде подложен на најжестоки измачувања.

Легендата вели дека ноќта пред да оди кај царот му се јавил Исус, на главата му ставил победнички венец и го охрабрил да издржи во своето верување ветувајќи му дека наскоро ќе го земе кај себе. Врз Св. Георгиј се применети најсурови мачења за да се откаже од својата вера кога на императорот му рекол дека не е само негов туку и Исусов војник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.