Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Годинава помалку грозје и помалку вино

0
By Нова ТВ on August 21, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пресрет на годинешниот откуп на грозје, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска одржа состанок со производители на грозје. На состанокот лозарите ги изнесоа своите барања во однос на годинешните откупни цени на грозјето и ги посочија проблемите со кои се соочуваат .

Барањата на лозарите се годинешната откупна цена на сортата „смедеревка“ да биде 13 денари за килограм, а на сортата  „вранец“ 15 денари за килограм, а со зголемување на шеќерните единици да се зголемува и откупната цена.

Поради лошите временски услови односно измрзнувањето на лозјата во некои региони, лозарите побараа намалување на надоместокот за водарина. Воедно дел од барањата на производителите на грозје беа во насока на зајакнување на контролите на инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство на откупните пунктови.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, порача дека сите барања на лозарите ќе бидат внимателно и детално разгледани, и потсети на одлуката на Влада со Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2017 година, лозарите ќе добијат зголемена субвенција од 10 отсто по хектар.

-Како ресорно министерство ќе ги разгледаме сите ваши барања, со цел да се најде соодветно решение. Ќе се направат анализи на извозот, но и на барањето за намалување на надоместокот за водарината. Во моментов интензивно работиме на забрзување на процесот за исплата на обештетувањата од временските непогоди за 2016 година и 2017 година. Уште сега, со измени на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2017 година,  ги зголемивме субвенциите за одржување на лозови насади за 10 отсто по хектар, што е дел од нашите ветувања и мерки во Програмата на Владата за зголемување на  субвенциите за лозови насади за 20 отсто во следните 4 години.  Формиравме работна група која работи на законското решение за т.н „зелена“ евтина нафта, со што драстично ќе се намалат производствените трошоци, рече Николовски.

Од Државниот инспекторат за земјоделство најавија зајакнати контроли на откупните пунктови на грозје, со цел да нема манипулации со откупните цени.

Досегашните анализи покажуваат дека оваа година, произведеното грозје се очекува да биде со добар квалитет. Но, од друга страна поради лошите временски  услови се очекува количината на произведено грозје да биде намалена за околу 30 отсто.

Особено помали количини на произведено грозје се очекуваат во подрачјата во кои имаше посериозна појава на ниски зимски температури и пролетни мразеви (Неготино и Демир Капија).

Имајќи го ова предвид, како и фактот дека производството се одвива на непроменливи површини, реално е да се очекува дека вкупното производство на грозје (трпезно и винско) во Република Македонија ќе се  движи околу 180.000 тони.

Според ова, треба да се очекува и намалено производството на вино од реколта 2017 година, односно постигнување на ниво помеѓу 70 и 90 милиони литри.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.