Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Годинава во Македонија регистриран 41 случај со ХИВ и тројца починати

0
By Нова ТВ on November 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четириесет и еден случај со ХИВ се регистирани годинава, а тројца се починати. Најголем број од регистрираните (повеќе од 80 отсто) се на возраст од 20 до 39 години и се од машки пол. Најмладиот регистриран случај е на возраст од 21 година, а најстариот имал 51 година. Од регистрираните повеќе од половината се од Скопје. Граѓаните треба да се тестираат. Се очекува до крајот на годинава 90 отсто од предвиденото да се оствари во однос на тестирањето, кое е бесплатно, доброволно и доверливо. Ова беше истакнато на денешната прес-конференција во Министерството за здравство во пресрет на 1 Декември, Светскиот ден на борба против ХИВ/СИДА.

Доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје рече дека од 1987 година досега во Македонија се регистрирани 400 случаи од кои 339 (86 отсто) се од машки пол, 54 (14 отсто) од женски пол, а се дијагностицирани 99 смртни случаи. – Во последните 17 години бројот на смртни случаи е намален, иако има тендеција на пораст на бројот на регистрирани случаи. Најголем број од случаите се кај сексуално активната популација на возраст од 20 до 39 години. Во однос на начинот на пренос, најголем број од регистрираните случаи (повеќе од половина) се мажи кои имале секс со мажи, речиси 40 отсто инфекцијата ја добиле преку хетеросексуален контакт, а само 2,5 отсто од случаите се лица кои инјектираат дроги, додаде Микиќ.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека годинава Владата ги презеде финансиските обврски од Глобалниот фонд, кој со години наназад ги финансираше превентивните ХИВ програми. Посочи дека одвоиле 90 милиони денари, направиле договори со бројни граѓански здруженија што ги презеле обврските за спроведување на програмата.

Тој нагласи дека и за следната година обезбедиле буџет од 90 милиони денари, кој ќе се дистрибуира за набавка на антиретровирална терапија на Клиниката за инфективни болести, но и за спроведување на превентивните ХИВ програми. – Очекувањата се дека огромен број инфекции може да бидат спречени и огромен број животи да бидат спасени. Се уште имаме релативно висок процент луѓе кои живеат непрепознаени, а имаат ХИВ вурис. Во таа смисла ги повикуваме сите да направат бесплатни испитувања на Клиниката за инфективни болести што се одвиваат дискретно со цел рано откривање на болеста и ран почеток на лекување со соодветна специфична терапија, рече Филипче.

Тој најостро ги осуди обидите за вулгаризирање на употребата на лубрикантите во спроведувањето на превентивните програми за заштита од ХИВ. – Ниту една група пациенти не смее да се стигматизира, ниту на каков било начин да се карактеризира, затоа што ниту еден пациент не е помалку важен. Посебно сметам дека несоодветно е на оваа тема да се добиваат политички поени, додаде Филипче.

Директорот на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и национален координатор за ХИВ, Милена Стевановиќ рече дека третманот обезбедува не само добар квалитет и здравје кај инфицираните, туку и превенција и спречување на ширењето на инфекцијата.

– Во моментот 217 пациенти се на континуиран третман на Клиниката, а во наша континуирана грижа се 225 пациенти. Неколкумина од нив се новодијагностицирани пред неколку дена. Тројца пациенти починаа годинава, додаде Стевановиќ и упати апел до граѓаните да се тестираат.

Извршниот директор на Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни“, Андреј Сених рече дека има голем број инфицирани со ХИВ, кои се уште не го знаат својот ХИВ статус. Во Македонија, појасни има современа терапија и луѓето не треба да го одложуваат тестирањето. Потенцира дека државата може до 2020 година да се приближи до целта 90 отсто од проценетиот број инфицирани со ХИВ да бидат дијагностицирани.

– За жал поголем дел од лековите за третман на ХИВ инфекција се уште не се регистрирани во Република Македонија, што ги отежнува процесите на набавка. Апелираме до фармацевтските компании да се погрижат сите лековите кои се користат во третманот да бидат регистрирани, а до институциите да создадат услови со кои ќе се потигне тоа, додаде Сених.

Одговарајќи на новинарско прашање д-р Микиќ истакна дека се очекува до крајот на годинава 90 отсто од тоа што го предвиделе да го остварат во однос на тестирањето.

2018 Светски ден за борба против ХИВ/СИДА ХИВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.