Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Годишен извештај: Макпетрол со рекордни резултати во првите 6 месеци

0
By Нова ТВ on August 30, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Макпетрол“ АД Скопје во првата половина од годинава оствари рекордна продажба на нафтени деривати и добивка од над 109 милиони денари. Во периодот јануари-јуни компанијата го подобри остварениот финансиски резултат за 370 милиони денари, ја зголеми продажбата на енергенси на мало за 12%, создаде услови за реално очекување за исплата на дивиденда и ја зголеми книговодствената вредност на акцијата на 515,5 €. Со ова, компанијата го задржува континуитетот на остварена добивка, по позитивните резултати во 2015 година, се вели во соопштението од компанијата.

Во извештајниот период од 2016 година „Макпетрол“ АД Скопје прикажа  добивка пред оданочување во висина од 126,6 милиони денари, односно добивка по оданочување во висина од 109,2 милиони денари, што е 370 милиони денари подобар резултат во однос на минатата година.

Физичкиот обем на вкупната продажба на стоки и услуги на Макпетрол АД Скопје во периодот јануари-јуни е зголемен за 16%. Во првата половина од годинава компанијата оствари вкупен приход во износ од 7,46 милијарди денари. Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 7,33 милијарди денари.

Набавната вредност на стоките со коишто тргува Друштвото изнесува 6,35 милијарди денари во 2016 година и учествува со приближно 85% во искажаните вкупни приходи и расходи. Ова е намалување за 21 индексен поен во однос на 2015 година, кога изнесувала 8,04 милијарди денари.

Основните причини за остварената добивка на Макпетрол во 2016 година се:

– Зголемување на остварената продажба на енергенси, особено продажбата на деривати во малопродажбата, со што е зголемен и пазарниот удел на Друштвото. Во првото полугодие од 2016 година, Макпетрол успеа да оствари рекордна продажба на нафтени деривати, зголемена за 12% во однос на истиот период од претходната година и тоа во висина од 108.073 тони.

– Намалени расходи од камати во однос на минатата година за 22%, поради продолжување на трендот на намалување на кредитната задолженост на Друштвото спрема банките;

– Двојно зголемени приходи од камати и курсни разлики во однос на минатата година

– Зголемени приходи од промет со останати стоки на бензинските станици на Макпетрол за 16% и зголемена маржа од промет со нив за 23%;

– Намалени трошоци на суровини и други материјали за 74%.

Во однос на финансискиот резултат прикажан според принципот на ЕБИТДА, „Макпетрол“ АД Скопје прикажа добивка во висина од 284,9 милиони денари, за разлика од минатата година кога за истиот извештаен период, Друштвото има остварено загуба во износ од 65,6 милиони денари. Ова претставува подобрување на финансискиот резултат за 350 милиони денари, без данокот на добивка.

Билансната кредитната задолженост на Друштвото вo однос на минатата година е намалена за 393,5 милиони денари или за 19,6% додека само во извештајниот период е намалена за 174,7 милиони денари или 9,7%.

Планираните вредности на физичкиот обем на реализацијата се надминати за 11%, а планот на остварување на финансискиот резултат е надминат за цели 4,2 пати.

Очекувањата за претстојниот период се оптимистички, бидејќи прелиминарните согледувања за остварената добивка со крајот на месец јули треба да ја искачат бруто добивката на износ од 230 до 250 милиони денари. Се очекува и понатамошно намалување на билансната кредитна изложеност, особено поради фактот што во јули и првите 20-на дена од август, таа е намалена за дополнителни 230 милиони денари.

„Макпетрол“ АД продолжува со континуираната политика на инвестиции во инфраструктурата, во пристапот кон клиентите и подобрувањето на нивното искуство на бензинските станици. Во овој период, пуштена е во работа новата бензинска станица Пинтија, а во поодмината фаза е изградбата на бензинските станица Вевчани и Ќојлија. Истовремено се врши, или е веќе завршена реконструкција на повеќе бензински станици.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.