Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоковиќ: Капа долу за Истомин, сакам што побрзо да одам дома

0
By Нова ТВ on January 19, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новак Ѓоковиќ го призна сензационалниот пораз од Денис Истомин во второто коло на Австралија опен. За узбекистанскиот ривал, инаку 117 светски рекет, вели дека одиграл неверојатен меч и дека не го потценил во ниту еден момент како и секој друг тенисер против кого играл во кариерата.

„Чувствував дека сум добро на почетокот на третиот сет, имав и брејк топка во четвртиот гем. Промашив еден лесен форхенд и се тргна наопаку. Мечот се сврте. Да бидам искрен, јас немав големи и чисти шанси денеска. Кога беше потребно, тој сервираше одлично или изведуваше друго одличен потег. Се што можам да кажам е капа долу за Денис“, рече Ѓоковиќ во дел од обраќањето пред новинарите по елиминацијата на Австралија опен.

Новинарите беа љубопитни за причините кои доведоа до пораз на Ѓоковиќ. Криза во неговата игра што трае од Ролан Гарос е с` уште присутна и покрај добриот старт на годината и освоениот трофеј во Доха. Се бараа одговори од него за евентуален физички проблем или психолошки проблем или микс на што Србинот одговори:

„Не мислам дека е нешто физичко во прашање. Двајцата изгледавме добро на терен. И по четири ипол часа не делувавме заморно иако како временски период не е малку за телото. Мислам дека тоа не влијаеше ниту на мене, ниту на него. Ја разбирам вашата позиција, но и вие разберете ја мојата. Во овој момент не знам ништо освен дека сакам да одам дома и да минам време со семејството. И тоа што побрзо“.

Најголемото изненадување на женскиот турнир е пораз на Агнешка Радванска. Полјачката која во Мелбурн беше трета носителка загуби од Мирјана Лучиќ Барони од Хрватска со 6:3, 6:2.

Австралија опен, 2. коло

Резултати

Мажи

Истомин (Узбекистан) – Ѓоковиќ (2., Србија) 6:7, 7:5, 6:2, 6:7, 6:4
Карено Буста (30., Шпанија) – Едмунд (В. Британија) 6:2, 6:4, 6:2
Гаске (18., Франција) – Берлок (Аргентина) 6:1, 6:1, 6:1
Димитров (15., Бугарија) – Чунг (Јужна Кореја) 1:6, 6:4, 6:4, 6:4
Гофан (11., Белгија) – Степанек (Чешка) 6:4, 6:0, 6:3
Карловиќ (20., Хрватска) – Витингтон (Австралија) 6:4, 6:4, 6:4
Пер (Франција) – Фоњини (Италија) 7:6, 4:6, 6:3, 3:6, 6:3
Раониќ (3., Канада) – Милер (Луксембург) 6:3, 6:4, 7:6
Симон (25., Франција) – Дутра Силва (Бразил) 6:4, 6:1, 6:1
Ферер (21., Шпанија) – Ескобедо (САД) 2:6, 6:4, 6:4, 6:2
Баутиста Агут (13., Аргентина) – Нишиока (Јапонија) 6:2, 6:3, 6:3
А. Зверев (24., Германија) – Тифо (САД) 6:2, 6:3, 6:4
Колшрајбер (32., Германија) – Јанг (САД) 7:5, 6:3, 6:0
Монфис (6., Франција) – Долгополов (Украина) 6:3, 6:4, 1:6, 6:0

Жени

С. Вилијамс (2., САД) – Шафарова (Чешка) 6:3, 6:4
Гибс (САД) – Фалкони (САД) 6:4, 6:1
Гарсија (21., Франција) – Додин (Франција) 6:7, 6:4, 6:4
Стрицова (16., Чешка) – Петковиќ (Германија) 6:0, 7:5
Конта (9., В. Британија) – Осака (Јапонија) 6:4, 6:2
Возњацки (17., Данска) – Векиќ (Хрватска) 6:1, 6:3
Макарова (30., Русија) – Ерани (Италија) 6:2, 3:2 (Ерани предаде)
Цибулкова (6., Словачка) – Хсиех (Тајпеј) 6:4, 7:6
Лучиќ Барони (Хрватска) – А. Радванска (3., Полска) 6:3, 6:2
Сакари (Грција) – Корне (28., Франција) 7:5, 4:6, 6:1
Брејди (САД) – Вотсон (В. Британија) 2:6, 7:6, 10:8
Веснина (14., Русија) – Минела (Луксембург) 6:3, 6:3
Башински (12., Швајцарија) – Ковиниќ (Црна Гора) 6:1, 7:6
Гаврилова (22., Австралија) – Коњух (Хрватска) 6.2, 1:6, 6:4
Остапенко (Летонија) – Путинцева (31., Казахстан) 6:3, 6:1
Ка. Плишкова (5., Чешка) – Блинкова (Русија) 6:0, 6:

Денис Истомин Новак Ѓоковиќ тенис. Австралија опен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

ВЕСТИ September 16, 2025

Aпсолутен рекорд – 28 поглавја од преговорите се отворени за 11 месеци.

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.