Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоковиќ „пресече“: Пауза до крај на сезоната, ќе се вратам посилен

0
By Нова ТВ on July 26, 2017 СПОРТ
Фото: novakdjokovic.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новак Ѓоковиќ објави крај на сезоната. По прегледите во Торонто и неколкудневните консултации со медицински стручњаци, српскиот тенисер реши да се повлече од АТП турот на одреден период за рехабилитација на повредениот лакт што го мачи веќе подолго време и го принуди да го предаде четвртфиналниот дуел на Вимблдон против Томаш Бердих.

„Го оставам рекетот на неколку месеци по што се надевам дека ќе можам нормално да тренирам. Вимблдон беше мој најтежок турнир поради интензитетот на болки што го имав. Консултирав многу стручњаци и се согласив дека ми е потребен одмор“, порача Ѓоковиќ на прес-конференција во Белград што траеше 45 минути.

Еден од најдобрите светски тенисери во моментот потенцира дека воопшто не му било лесно да донесе одлука за пауза што за првпат во неговата кариера ќе трае околу шест месеци. Добра вест во целата ситуација е што операција, барем засега, не е потребна и покрај сериозноста на повредата што е настаната од преоптоварување.

„Ова е тип на повреда е карактеристична за тенисер и бејзбол играчи поради механиката на движења и за неа не помага ништо што е моментално. Мора да дозволите процесот на рехабилитација да оди по природен пат. Никогаш досега не сум се оперирал, а не би сакал ниту некогаш да се оперирам. Период ќе го искористам за користење на други методи за враќање на тениските терени што е можно поскоро, но и за посветување на семејството. Шест месеци се доволен приод за опоравување и од јануари да заиграм на највисоко ниво“, додаде тенисерот кој од понеделник излегува од топ 4 на АТП ранг листата по пауза од десет години.

Ѓоковиќ, кој за еден месец очекува по вторпат да стане татко, откри дека ќе продолжи да соработува со Агаси. Дел од останатите членови во стручниот штаб остануваат, дел ќе треба да се прецизираат во наредниот период.

„Агаси прифати да биде со мене во овој период за што сум му благодарен. Постојано ќе бидеме во контакт и со нетрпение ќе чекам да дојде време за повторно да минуваме време на терен, да влеземе во суштина на мојата игра и да ја унапредиме. Кондиционен тренер сè уште немам, Марио Анчиќ е приоритет за втор тренер меѓутоа конечен договор не е постигнат од причина што тој моментно е во друга сфера. Во случај на негативен одговор од него, имам неколку други опции“, појасни првиот Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ. Повреда Пауза тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.